27 Април, 2024
0.0254

НАСА открила млаз вода или океан на Марс?

Објавено во: Стил 27 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Има ли живот на Марс, проточна вода или дури океан? Ова ќе го дознаеме во понеделник, откако „НАСА“ соопшти дека ќе има вонредна прес конференција, на која најави дека ќе го открие важното научно откритие за Црвената планета, соопшти „Си Ен Ен“. На историскиот настан во Вашингтон ќе зборуваат Џим Грин, директор на планетарни науки на агенцијата, Мајкл Мајер од програмата за истражување на Марс, Луджендра Оджа од институтот „Џорџија“ во Атланта, како и други научници.

Најверојатно американската агенција за вселенски истражувања ќе открие дека открила докази за проточна вода, тврди весникот „Дејли мејл“. Гласините се поддржани од присуството на Луджендра Оджа на пресконференцијата. Научникот го открива првиот голем доказ за постоењето на вода на Марс, откако изучуваше фотографии од површината на планетата во 2011 година. Според истражувањата на Оджа може да се смета дека има проточна вода, а дури и Океан под површината на Црвената планета. Водата се издига до нивото на земјата за време на потопло време.

марс

Во април оваа година марсоходот „Кориосити“ сними минерална структура на Марс, која може да е формирана само од вода.

„Ако објавиле дека откриле лесно пристапна млаз вода под површината, тоа ќе има огромни последици за можноста за отворање на живот на планетата, како и за испраќање на луѓе таму“, изјавил Даг Муккустан, поранешен директор на програмата на „НАСА“ за Марс.

Откривањето на вода на Марс не е ново - научниците се свесни со години дека на планетата има две одделни поларни ледени капи и ремени од глечерите, но за да се потврди дека Црвената планета е дом на вода во течна состојба, би било револуционерно, пишуваат американски медиуми.

„Ако се потврди дека има вода, која сезонски тече, тоа би било неверојатно откритие со драматични последици“, изјавил научникот Крис Карбери.

Можно е НАСА да објави дека има живот на Марс. Анализа на примерок од карпа, земен од Ровер „Кориосити“, покажа дека во минатото на планетата имало услови погодни за постоењето на микроорганизми.

НАСА ќе ги објасни сликите од површината на Марс, кои покажуваат камења лоцирани геометриски, тврди сајтот од Алабама. Ако се соединат камењата со линии, се добива комплекс кои изгледаат исклучително многу на споменикот Стоунхенџ.

Пресконференцијата под наслов „Тајната за Марс“, ќе се одржи во 17,30 часот по македонско време. Корисниците на Твитер ќе можат да им поставуваат прашања на научниците со тагот #AskNASA.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти