18 Мај, 2024
0.0295

Интервју со Маркос Камхис, директор на ГСОЛ

Нашата цел е и отсекогаш била да го направиме ФЕНИ водечки производител на фероникел во Европа

Објавено во: Мои пари 01 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Фактор: Конечно, стечајната постапка на ФЕНИ е на крајот, а сега Еуроникел/ ГСОЛ е сопственик на некогаш просперитетната фабрика за производство на фероникел, со што се отвора нова фаза во историјата на работата на ФЕНИ. Што е следно за фабриката од Кавадарци?

Маркос Камхис: Нашата цел е и отсекогаш била да го направиме ФЕНИ водечки производител на фероникел во Европа. Технички, ние сме на целната линија, но сè уште не сме ја преминале бидејќи чекаме и одлуката на судот да стане правосилна. Имајќи ги предвид сите активности што ги презедовме во изминатите 9 месеци, покажавме највисоко ниво на посветеност, знаење и експертиза, финансиска моќ и техничко-технолошки, но исто така и инвестициски know-how, да го вратиме ФЕНИ на вистински пат, што верувам дека сега е признаено и од страна на јавноста, властите, од сите засегнати страни.

И најважно од сé, земено предвид дека имаме добро разработен план за реорганизација, којшто беше прифатен од страна на доверителите и стечајните органи, бидејќи ја обезбедува долгорочната иднина на фабриката и сите нејзини засегнати страни, ние сме длабоко уверени дека стечајната постапка многу брзо ќе биде официјално завршена и ќе ја преземеме сопственоста над фабриката.

Дополнително, од сите законски и регулаторни барања што треба да ги исполниме за целите на овој трансфер, кои се пропишани со планот за реорганизација и со законите, првиот и непосреден чекор е да се започне со проектот за реконструкција на втората печка која е сега надвор од употреба, што е голем и капитално интензивен проект, но исто така неопходен за иднината на фабриката. И овој проект ќе ги ангажира не само директните вработени, туку значително ќе ги заживее домашните изведувачи и услужниот сектор коишто ќе бидат ангажирани за да ги обезбедат сите потребни услуги што ги бара еден ваков проект. Така, ќе се даде и значителен придонес кон домашната економија како целина.

Фактор: Во текот на целиот процес, се соочивте со голем број пречки и сложени аспирации за сопственоста на комбинатот од различни страни - што беше потребно за ГСОЛ да ги спроведе своите планови?

Маркос Камхис: Аспирациите се една работа, реалноста е нешто друго. Ние бевме конзистентни во текот на целиот процес во нашиот пристап да го спасиме ФЕНИ преку структуриран процес на реорганизација, а не преку распаѓање и ликвидација. Ние сме единствениот инвеститор кој покажа посветеност и инвестираше вистински пари за да го спаси ФЕНИ.

ФЕНИ е голема, сложена и фабрика со голем број потреби, и потребно е сериозна експертиза и искуство за да се води комбинатот и да се изгради долгорочна иднина за истиот. Впрочем, ФЕНИ се натпреварува на глобалниот пазар на никел, а никелот е многу нестабилна стока и доколку инвеститорот не поседува длабоко знаење, разбирање и најважното, ресурси како што се рудата и финансиската стабилност, иднината на фабриката би била дискутабилна. И токму тоа нè разликува од секоја друга страна којашто пројави интерес за ФЕНИ.

Ние исто така се разликуваме и преку историјатот со Фалкондо, фабриката за производство на фероникел во Доминиканската Република, која е дел од инвестициското портфолио на ГСОЛ. Ја купивме оваа фабрика од Гленкор во 2015 година, која не работеше веќе 3 години. Згора на тоа, цените на никелот паѓаа на меѓународната берза на метали во тоа време и многу фабрики ширум светот затвораа. Наспроти шансите, при вакви нејасни пазарни услови, со нашиот иновативен пристап и доверба во сопственото знаење, фабриката се стави во работа за помалку од 9 месеци, а денес Фалкондо веќе успешно произведува 3 години. Слично на ФЕНИ, Фалкондо е една од најистакнатите индустриски капацитети во земјата, со директно влијание врз националната економија, бидејќи има огромна додадена вредност. Не многу инвеститори можат да речат дека успеале да вратат една фабрика во живот кога сите други го намалуваат или стопираат производството.

За ФЕНИ беше потребно знаење, посветеност, ресурси и одржлив план, а општеството и релевантните засегнати страни препознаа дека ГСОЛ е единствениот кој ги има овие предности.

Фактор: И покрај сето ова, ГСОЛ остана доследен во своите намери за ФЕНИ во текот на целиот процес. Врз основа на што гледате светла иднина за ФЕНИ со Еуроникел/ ГСОЛ како инвеститор?

Маркос Камхис: Фени има солиден потенцијал, располага со капацитети и опрема, но и покрај тоа што претрпе одреден степен на запоставеност во смисла на одржување во изминатите неколку години, со вистински инвеститор и активности, може да ја врати својата стара слава и уште повеќе да се подобри, што е наша цел. Но, најважно, има човечки капитал, има добро образовани, квалификувани и обучени вработени со високо ниво на индустриска култура, што е предуслов за секој индустриски објект. Можете да ја купите најдобрата опрема и капацитети, но ако немате вистински луѓе кои знаат како да ја ракуваат опремата на дневна основа, сè што ќе ви остане е само опремата.

Ова е причина повеќе поради која сме особено задоволни што ја добивме поддршката од вработените во ФЕНИ во текот на стечајниот процес. Тие ги препознаа квалитетите што ги поседуваме како инвеститори и ја препознаа вистинската опција за ФЕНИ. И второ, постои деловно опкружување или подобро да се каже, бизнис-клима. Од една страна, еден инвеститор бара институционална стабилност, што значи стабилен административен, регулаторен и судски систем, а од друга страна се бара соодветна инфраструктурна мрежа, електрична енергија, патишта, железници, итн. Со оглед на нашето скенирање на деловното опкружување, сметаме дека постои позитивна бизнис клима за странските инвеститори, а тоа беше особено евидентно од начинот на водење на стечајната постапка, којашто сега ни станува јасно дека постави нов репер којшто испраќа позитивен сигнал до сите потенцијални инвеститори во која било инвестициска област.

Фактор: Едно време, ФЕНИ беше на врвот на најуспешните компании, се сметаше за најголем извозник во земјата и произведуваше до 20.000 тони никел годишно. Дали ќе може повторно да ги достигне овие бројки и за колку долго?

Маркос Камхис: Не се сомневам дека ФЕНИ повторно ќе биде една од најдобрите компании во земјата, ние немаше да бидеме тука ако не бевме сигурни за тоа. Ние сме свесни за минатиот успех на ФЕНИ и токму тоа нè привлече како инвеститори, иако исто така знаеме дека ФЕНИ имал и проблематично минато. Ние исто така сме свесни дека бизнисот со никел е цикличен, ќе има добри времиња, а и не толку добри, но тоа е она во што сме квалификувани. Сосема е погрешен пристапот дека најважното при водење фабрика како ФЕНИ е дали цената на никелот е добра или не. Станува збор за планирање, подготвување, штедење или на кратко - знаење како да преживееме кога цената ќе се спушти и тоа е она што го ветивме на заедницата, а најмногу на вработените, дека ќе бидеме тука за ФЕНИ во добро, но исто така и во лошите времиња.


Фактор: Пред почетокот на стечајниот процес, постоеше период на лошо раководење, затајување, неплаќање и дури кривични пријави за претходното раководство. Колку ова управување ја уништи фабриката и нејзиниот углед и дали тоа ќе се одрази во идната работа на ФЕНИ?

Маркос Камхис: Еуроникел/ ГСОЛ отвораат нова страница во историјата на ФЕНИ. Секако дека има материјални и нематеријални штети што ги претрпе ФЕНИ. Освен занемарувањето на одржувањето на опремата, несоодветната употреба на производствените капацитети и недостатокот на инвестиции во таа област, враќањето на довербата и репутацијата меѓу клиентите и добавувачите ќе се покаже многу поскапо и одзема повеќе време. Кога го поддржавме повторното започнување на работата и производството во комбинатот, во февруари, многу добавувачи одбиваа да соработуваат со ФЕНИ дури и со авансно плаќање – поради тоа што претрпеа многу во минатото, генерираа значителни загуби поради неисплатените долгови на ФЕНИ и тие едноставно не и веруваа на фабриката. Ситуацијата беше слична и кај клиентите, ненавремените испораки, несоодветниот квалитет на производот и осцилациите на количеството, се само дел од причините поради кои клиентите се плашеа повторно да влезат во соработка со ФЕНИ.

Еуроникел/ ГСОЛ инвестираше многу пари, ресурси и напори за да ги убеди сите нив во спротивното, но сега сме на вистинскиот пат и секојдневно гледаме напредок во угледот на ФЕНИ, којшто полека но сигурно повторно расте. Што се однесува на настаните од изминатите неколку години коишто го доведоа ФЕНИ во стечај, тоа е предмет кој е во надлежност на институциите, меѓутоа, исто така, тоа е можност да се испрати сигнал за нетолерантност кон несоодветно деловно однесување и на тој начин да се обесхрабрат опортунистичките и потенцијално недобронамерните практики во иднина.

Фактор: Додека се одвиваше стечајот, ги плативте сите доверители, го рестартиравте производството, ги обновите договорите со локалните компании за снабдување со суровини, ги задржавте сите вработени и дополнително отворивте нови вработувања, дали успеавте да воспоставите избалансирана и оперативна работна атмосфера?

Маркос Камхис: Имаме одличен тим предводен од Герасим Кујунџиев и Андреас Цагарис во Кавадарци и со сите именувани дејства што ги имплементиравме, балансот се обновува практично на дневна основа. И покрај тоа што е долг патот и потребно е време, вработените, но исто така и доверителите, добавувачите и клиентите, брзо ги разбраа потенцијалите и капацитетите што ги имаме како инвеститори и најважно од сé тие го препознаа нашиот сериозен пристап, посветеност и долгорочни планови. И сега со одлуката на одборот на доверители и стечајните органи, тие секако се чувствуваат порелаксирано за соработка и имаат верба во иднината повторно. И во такви околности, гледаме како секој ден нивниот фокус се насочува кон планови за производство и инвестирање, а целите и ентузијазмот се зголемуваат.

Фактор: Каде се вашите (на ГСОЛ) интереси и намери за ФЕНИ фокусирани?

Маркос Камхис: Со ФЕНИ како втора фабрика за производство на фероникел во нашето портфолио на тешка индустрија, заедно со Фалкондо во Доминиканската Република, имаме за цел да зафатиме значаен пазарен удел и да се позиционираме како доверлив и висококвалитетен производител на фероникел, со што, исто така, ќе станеме и префериран производител меѓу нашите клиенти. Инвестициите во различни сегменти од нашите активности ќе го рангираат ФЕНИ во групата производители од среден до низок производен трошок, со што имаме за цел да обезбедиме стабилност, одржливост и конкурентност на ФЕНИ на глобалниот пазар. И последно, но не и најмалку важно, ние се стремиме да го интегрираме ФЕНИ повторно во домашната заедница со примена на врвни општествено одговорни практики, чија цел е да се обезбеди квалитет на придобивките какви што заслужуваат сите засегнати страни на ФЕНИ.

Можеби ќе ве интересира

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

TTK Банка АД Скопје по втор пат ја зголеми основната главнина преку скрип емисија на нови акции по пат на приватна понуда

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

ВТОР ДЕН ОД САМИТОТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Дигитализацијата и елиминирање на корупцијата - предуслови за забрзан економски раст

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата