22 Декември, 2024
0.0249

НАШИТЕ БАНКИ СЕ СООЧИЈА СО МНОГУ КРИЗИ, НО ТИЕ СЕ СТАБИЛНИ И ОТПОРНИ - еве што порача гувернерката Ангеловска-Бежоска

Објавено во: Финансии 07 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Македонските банки, добро капитализирани и ликвидни, се соочија со неколкуте кризи во изминатиот период. Нивната отпорност на кризата се должеше на нивните зајакнати биланси уште во претпандемичниот период. Народната банка и натаму ја јакне отпорноста на банкарскиот систем и во постпандемичниот кризен период, воведувајќи макропрудентни мерки. И покрај големата претпазливост и монетарното затегнување, банкарскиот сектор и во изминатиот период им обезбедува солидна кредитна поддршка и на компаниите, и на домаќинствата, со раст од околу 10 отсто минатата и 6 отсто годинава, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во својата дискусија на Банкарскиот самит на Здружението на банките во Србија, којшто се одржа во Белград.

На панел-дискусијата посветена на актуелностите и предизвиците на банкарскиот сектор од перспектива на регулаторите, гувернерката Ангеловска-Бежоска посочи дека доколку затегнувањето на монетарната политика е брзо, агресивно и следи по долг период на олабавена монетарна политика и ако макропрудентната и супервизорската регулатива се послаби, тоа може да има значително влијание врз стабилноста на банкарскиот сектор. Оттаму, и покрај тоа што домашниот банкарски сектор влезе силен во кризниот период, Народната банка и натаму е претпазлива и ја јакне отпорноста на системот преку макропрудентни мерки. Гувернерката го истакна воведувањето на противцикличниот заштитен слој на капиталот, како и мерките за квалитет на кредитобарателите. Зборувајќи за показателите за банкарскиот сектор, Ангеловска-Бежоска истакна дека во изминатите неколку години адекватноста на капиталот се зголеми, а квалитетот на капиталот го има достигнато историски највисокото ниво, додека ликвидноста е традиционално висока, при што кај депозитната база се забележува раст на долгорочните депозити и на депозитите во денари, додека квалитетот на активата е подобар во споредба со предпандемичниот период.

Зборувајќи за среднорочните и долгорочните предизвици за банкарскиот сектор, гувернерката Анегловска-Бежоска истакна дека покрај геоекономската фрагментација, значаен ризик и натаму се климатските промени. Кога станува збор за македонскиот банкарски сектор, повеќе од половината од вкупната кредитна изложеност на банките кон компаниите е кон секторите коишто се чувствителни на климатските политики. Оттаму, централната банка презема повеќе активности за справување со ризиците од климатските промени, меѓу кои е и носењето на среднорочниот план на активности, како и донесувањето на насоките за банките за вклучување на климатските ризици во нивната рамка за управување со ризиците. Инаку, зелените кредити во изминатите четири години се зголемија за повеќе од двапати во вкупното кредитно портфолио на банките.

На панел-дискусијата на која говореше гувернерката Ангеловска-Бежоска учествуваа и гувернерката на Народната банка на Србија, гувернерот на Народната банка на Хрватска, вицегувернерот на централната банка на БиХ, претседателот на Комисијата за хартии од вредност на Србија, како и директорот на супервизијата на централната банка на Црна Гора.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕКОЈ ДЕН „ФРЧАТ“ ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ВЧЕРА БЕА И ПОЛОВИНА МИЛИОН - инвеститори не прашуваат за цена за акции на Комерцијална банка

СЕКОЈ ДЕН „ФРЧАТ“ ПО СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА, ВЧЕРА БЕА И ПОЛОВИНА МИЛИОН - инвеститори не прашуваат за цена за акции на Комерцијална банка

ПАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПОСЛЕ ТРИ И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ - кога државата зајми, банкарите имаат сигурни пласмани

ПАРИТЕ ТРЕБА ДА СЕ ВРАТАТ ПОСЛЕ ТРИ И ПОСЛЕ ПЕТ ГОДИНИ - кога државата зајми, банкарите имаат сигурни пласмани

„Стапка од 3,25 отсто е многу пониска од каматата на нова еврообврзница“: Димитриеска - Кочоска во Унгарија го потпиша договорот за заемот

„Стапка од 3,25 отсто е многу пониска од каматата на нова еврообврзница“: Димитриеска - Кочоска во Унгарија го потпиша договорот за заемот

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НАДМИНА 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат најголем раст

ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА НАДМИНА 42 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - еве кои сектори имаат најголем раст

ЕВЕ КОЈ ИМА ПРАВО НА КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ОДЛОЖЕНИ И ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Регулативата на ЕУ ги штити патниците, можат да добијат од 260 до 600 евра!

ЕВЕ КОЈ ИМА ПРАВО НА КОМПЕНЗАЦИЈА ЗА ОДЛОЖЕНИ И ОТКАЖАНИ ЛЕТОВИ: Регулативата на ЕУ ги штити патниците, можат да добијат од 260 до 600 евра!

БИЛ ГЕЈТС ИНВЕСТИРАШЕ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО НУКЛЕАРКА! Милијардерот основал и посебен фонд и отворено рекол: „Ќе инвестирам уште повеќе!“

БИЛ ГЕЈТС ИНВЕСТИРАШЕ МИЛИЈАРДА ДОЛАРИ ВО НУКЛЕАРКА! Милијардерот основал и посебен фонд и отворено рекол: „Ќе инвестирам уште повеќе!“

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МБИ10, ГО НАДМИНА ПЛАФОНОТ ОД 10.000 ПОЕНИ - промена и во составот, „Реплек“ влегува во Клубот на моќните

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА МБИ10, ГО НАДМИНА ПЛАФОНОТ ОД 10.000 ПОЕНИ - промена и во составот, „Реплек“ влегува во Клубот на моќните

ШТЕДИЛНИЦИТЕ СО ПОВЕЌЕ ЗАДАЧИ, ЌЕ СОБИРААТ ДЕПОЗИТИ ОД КОМПАНИИ И ЌЕ ПРОДАВААТ ПОЛИСИ – еве ги новините во Законот за банки

ШТЕДИЛНИЦИТЕ СО ПОВЕЌЕ ЗАДАЧИ, ЌЕ СОБИРААТ ДЕПОЗИТИ ОД КОМПАНИИ И ЌЕ ПРОДАВААТ ПОЛИСИ – еве ги новините во Законот за банки

ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА ГОЛЕМИ ПОСКАПУВАЊА ЗА ТУРИСТИЧКАТА 2025 ГОДИНА: Рипаат цените на туристичките давачки

ГРЧКИТЕ ВЛАСТИ НАЈАВИЈА ГОЛЕМИ ПОСКАПУВАЊА ЗА ТУРИСТИЧКАТА 2025 ГОДИНА: Рипаат цените на туристичките давачки