Насилник вооружен со нож сред бел ден нападнал скопјанец
Објавено во: Македонија 15 Август, 2018
Насилник вооружен со нож, вчера среде бел ден во центарот на Скопје нападнал маж.
Ш.Ш. (73) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13.45 часот на улицата Вељко Влаховиќ, го нападнал насилник кој бил вооружен со нож и се обидел да го прободе. Нападнатиот успеал да се одбрани и да избега, информираа од полицијата. Во турканицата на Ш.Ш. му се нанесени видливи повреди по телото по што веднаш побарал помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Полицијата го расчистува случајот и трага по насилникот.