НАСКОРО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ СКИЈА И НА +40: Држава од соседството гради скијалиште, еве каде ќе може да зимувате на лето
Објавено во: Балкан 12 Јули, 2024
САКАТЕ ДА СКИАТЕ СРЕДЕ ЛЕТО - И НАСКОРО ЌЕ БИДЕ МОЖНО! Соседите градат затворен ски-центар долг 1,3 километри со 3 лифтови
Вљубениците во скијањето од Балканот и пошироко наскоро ќе можат да ги облечат ски оделата и да уживаат во омилениот спорт дури и среде лето, кога температурата се искачува до 40 Целзиусови степени.
Имено, како што пренесуваат дел од медиумите, во соседна Хрватска, во туристичкиот центар Мркопље, планираат изградба на затворен ски-центар со стази од 1,3 километри и дури три жичарници.
Проектот, проценет на 117 милиони евра, предвидува изградба на затворена скијачка сала и хотел во Челимбаша, кои би биле достапни за скијачите во текот на целата година. Внатре би имало капацитети и за рекреативци и за професионални скијачи.
Општина Мркопаљ се наоѓа во срцето на Горски Котор, со прекрасни пејсажи, и во лето и во зима, таа е вистински рај за рекреативците, спортистите и љубителите на недопрената природа.
Градот Мркопаљ се наоѓа на 824 m надморска височина, опкружен од сите страни со прекрасни ридови, од кои веднаш на влезот од страната Равногорје се издвојуваат Челимбаша и Мај.
Мркопаљ со право се смета за лулка на хрватското скијање. Првиот организиран скијачки курс за Хрватска започна во 1913 година во Мркопље, за 14 скијачи, организиран од Рикард Викерт, Иво Липовшќак и Анте Пандаковиќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.