НАСЛЕДНИЦИ НА ИСИС: Бунтовнички групи се спремни да ја наследат Исламската држава ако биде поразена
Објавено во: Свет 22 Декември, 2015
Најмалку 15 бунтовнички сили во Сирија се спремни да ја наследат ИСИС доколку таа биде поразена. Центарот за религија и геополитика од Велика Британија, наведува дека 60% од бунтовниците може да се класифицираат како “исламисти“.
Иако западните земји ги засилија воздушните удари против Исламската држава во Сирија и Ирак, сепак овој Центар наведува дека најголема опасност за меѓународната политика се оние групи кои делат иста идеологија со Исламската држава, а на кои моментално никој не обрнува внимание.
Во редовите на тие групи се наоѓаат до 100 000 борци.
Од центарот укажуваат дека „Западот ризикува да направи стратешка грешка доколку се фокусира само на Исламската држава. Нејзниот воен пораз нема да значи крај на џихадистите во светот. Не можете да бомбардирате идеологија, а оваа војна е токму таква идеолошка.“
Доколку ИСИС биде поразена нејзините огорчени борци и другите екстремисти може да организираат напади надвор од Сирија, токму затоа што “Западот го уништи Калифатот“, предупредуваат од центарот.