26 Април, 2024
0.0276

НАТО ќе донесе инвеститори во земјава ама ќе нема кој да работи

Објавено во: Економија 20 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Македонија го ратификуваше протоколот за влезот во НАТО. Останува уште Шпанија да го ратификува договорот за и официјално нашта земја да стане 30-та членка на Алијансата. Очекувањата од членството се повеќекратни, стабилност, безбедност, нови инвестиции.

Успешен пример за спој на членството во НАТО и раст на инвестициите е Црна Гора. Во јуни 2017 стана членка на НАТО. Истата година, Црна Гора, имаше влез на странски инвестиции од 96,6 милиони евра (податоци од Народната Банка на Црна Гора) што е 45 пати повеќе споредено со 2015 година, кога имаше 2 милиони евра.

И кога сме кај инвестициите, нови инвестиции отвораат можност за нови работи места, и по квалитет и по квантитет. Со новиот тренд на недостаток на работна сила што за жал, денес е болка на компаниите, било да се со домашен или странски капитал, тешко е како држава да се биде привлечен за нови инвестиции.

Реформите во обрзованието за кои постојано се зборува сеуште не се видливи за компаниите. Неусогласеноста помеѓу квалификациите што ги нуди образованието и потребите на пазарот на труд е сеуште голема. Според податоците од Агенцијата за вработување на РС Македонија ( Анкетата за потреба од вештини на пазарот на трудот во Република Северна Македонија за 2020 година ) најмногу, дури 46,9%, се бараат лица со пониско ниво на квалификации. До исти податоци дојде и Стопанската комора на Македонија од спроведената анализа помеѓу компаниите, нејзини членки (Анализа за предвидените занимања во седумте клучни сектори на квалификации).

Завршените учениците не поседуваат стручни вештини што е резултат на неквалитетната практичната обука на учениците која се реализира во училиштата наместо во реални работни услови во компаниите. Сеуште слабиот интерес на бизнис секторот за прием на ученици во своите компании за реализирање пракса според проценките се должи на недоречености во законската регулатива или во пресложени процедури за истата да се реализира.

Отсуството на професионалната ориентација на учениците уште во основното училиште придонесува младите генерации иднината да ја гледаат во високото образование, што не значи дека веднаш ќе обезбедат вработување според своите високообразовни квалификации. Според податоците на Државниот завод за статистика, во академската 2018/2019 година се запишани вкупно 53.677 студенти, додека бројот на учениците во редовните средни училишта, во учебната 2018/2019 година, изнесува 71.650, од кои 42.958 ученици во стручно образование и 29.880 во гимназиското и уметничкото образование. Соодносот на завршени ученици и оние кои веднаш се вклучуваа во високото образование не е мал што придонесува тешко да се најде соодветен квалификуван кадар со средно стручно образование, со знаења, умеења и вештини.

Со вакви проблеми, некогаш, се соочувале и развиените земји. Но праксата покажува дека развиените земји, како Германија, Австрија и Швајцарија, имале стратегија како да го надминат овој проблем со создавање на фукционално стручно образование и воведување на дуален систем на образование. Тоа го остваруваат преку теоретска настава која се реализира на училиште и реализација на практична настава во компаниите. Компаниите ја знаат својата цел, јасно ги планираат и изразуваат своите потреби за квалификациите и занимањата кои им се неопходни за успешно работење и во соработка со стручните училишта изготвуваат флексибилни наставни програми за да ја реализираат поставената цел.

Наташа Јаневска, самостоен советник во Стопанската комора

Можеби ќе ве интересира

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката