Навивачот кој чукаше на искинат тапан, доби нов тапан на подарок
Објавено во: Македонија 20 Јуни, 2021
Навивачот Тоше Цебов кој стана познат по видеото кое се прошири на социјалните мрежи, каде тој чука во искинат тапан на Европското фудбалско првенство во Букурешт, доби нов тапан.
Тапанот е подарок од група Македонци и секако тој треба да донесе победа против репрезентацијата на Холандија. Дека навивачот има нов тапан е објавено на социјалните мрежи.
Македонија утре игра со Холандија.