26 Април, 2024
0.0270

НБРМ ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени

Објавено во: Економија 15 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Народната банка ја намали  основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, така што каматната стапка изнесува 2,75.

Намалувањето на каматната стапка, велат од НБРМ е одраз на континуирано поволните движења на девизниот пазар, коишто покажуваат солидна надворешна позиција и стабилни очекувања на економските субјекти. 

„Поволни се и поместувањата во депозитната база на банките, што исто така е сигнал за стабилни очекувања и доверба. Општо земено и на оваа седница, Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи“, соопштија од НБРМ.

На седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ биле разгледани и клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Последните податоци за девизните резерви, пак покажуваат раст во однос на крајот на претходната година . 

Од НБРМ пак посочија дека поместувањата кај девизните резерви, се нешто повисоки од  очекувањата во рамки на априлските проекции, а анализата на показателите на нивната адекватност покажува дека тие и понатаму се одржуваат во сигурна зона. 

„Во однос на монетарните движења, прелиминарните податоци за јули покажуваат задржување на континуитетот на растот и на депозитите и на кредитите. Забрзан раст на месечна основа е забележан кај депозитната база, при што поголем придонес за зголемувањето имаат корпоративните депозити, при истовремено зголемено штедење и на домаќинствата. Одредени позитивни поместувања на месечна основа во јули се забележуваат и на кредитниот пазар, во услови на раст на кредитирањето на домаќинствата. Во периодот април - јули, остварувањата кај депозитните и кредитните текови се повисоки од очекуваните за овој период“, додаваат од централната банка.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија