04 Мај, 2024
0.2436

НБРМ предвидува стабилен раст на економијата во 2014-та

Објавено во: Економија 15 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Македонската економија ќе продолжи да расте, покажуваат податоците на Народната банка. Растот ќе биде со сличен интензитет како и во третиот квартал, заклучува Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, а оваа оценка ја темели врз поволните движења во градежништвото, како и врз сигналите за закрепнување на индустриската активност. Сепак, растот нема да биде доволно силен за да може да предизвика поголеми нерамнотежи во економијата. Претходната 2013-та година Македонија ја заврши со просечна годишна инфлација од 2,8 отсто што се совпаѓа со проекциите, но во следниот период постојат надолни ризици околу проекцијата на инфлацијата имајќи предвид дека во последните месеци инфлациските притисоци биле послаби од очекувањата, покажуваат податоците на НБРМ. Девизните резерви во последното тримесечје се намалиле, но показателите за адекватноста на резервите и понатаму се во сигурната зона, односно укажуваат дека ќе има доволно девизни резерви за справување со евентуалните, непредвидени шокови. Последниот месец во годината, на девизниот пазар беа забележани сезонски движења, што овозможи Народната банка да оствари нето-откуп на девизи, стои во соопштението. Ликвидноста на банките се намалилa во декември, во услови на сезонски повисока побарувачка за готовина во пресрет на празничната сезона. На меѓубанкарскиот пазар на депозити, прометот беше на стабилно ниво, при што високата застапеност на трансакциите на седум дена укажува на цврстата доверба помеѓу учесниците на пазарот. Во декември дојде до понатамошно забрзување на месечниот раст на кредитите, при што како и во претходниот месец кредитната активност во голема мера беше насочена кон корпоративниот сектор. Ваквата динамика на кредитната активност е подобра од очекуваната и упатува на можно стабилизирање на согледувањата за ризик на банките, како и на ефекти од досегашното монетарно олабавување, стои во соопштението на Комитетот на НБРМ. Декемвриските податоци упатуваат на поволни движења и кај депозитниот потенцијал на банките, што и натаму засилено се зголемува на месечно ниво. Имајќи ги предвид најновите макроекономски и пазарни показатели и во очекување на ефектите од веќе преземените мерки во претходниот период, на седницата на Комитетот за оперативна монетарна политика е одлучено да се задржи тековната монетарна поставеност, а на аукцијата да се понудат благајнички записи на ниво на износот којшто достасува (25.500 милиони денари), со каматна стапка од 3,25 отсто.  

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?