НДП и БЕСА коалицираат и ќе се тркаат во четири изборни единици
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016 20:03
Национална демократска преродба и движењето БЕСА на претстојните избори закажани за 11 декември ќе настапат како коалиција.
Оваа информација на јавноста ја соопштија денеска.
Коалицијата ќе го носи името ПРЕРОДБА СО БЕСА. Тие ќе се залагаат за интеграција на земјата во НАТО и отворање на преговорите за пристапување во ЕУ, за деполитизација и департизација на системот на правда, системот за безбедност, администрацијата, и борба против секоја форма на корупција и злоупотреба на власта, да се загарантира слободата и независноста не медиумите, за борба против сите форми на екстремизам и ксенофобија, како и за евалуација на Охридскиот договор и друго.
Коалицијата има кандидатски листи за изборните единици 1, 2, 5 и 6. Во изборната единица број еден ПРЕРОДБА СО БЕСА ќе биде предводена од потпретседателот на Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими, во изборната единица 2 коалицијата носител е генералниот секретар на Движењето БЕСА, Африм Гаши, во изборната единица 5 е Арбен Лабеништи, исто потпретседател на Движењето БЕСА. Во 6 изборна единица носител е претседателот на Движењето БЕСА, Билал Касами, а зад него е претседателот на Националната демократска преродба, Фадил Зендели на место број 2.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него




