20 Декември, 2025
0.0351

„НЕ Е ТАЈНА ДЕКА СЕЗОНАТА ВО ЦРНА ГОРА ПРОПАЃА“ Црногорски угостител ја раскажа сопствената приказна: Не е нормално, но мило ми е што ви се враќа

Објавено во: Балкан 04 Август, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Црногорски угостител реши да си ја отвори душата и да каже што мисли за актуелната сезона во Црна Гора. Во видеото кое го објави тој беше брутално искрен за тоа колку сè станало скапо.

„Веќе не е тајна дека летната сезона во Црна Гора е готова. Како некој што е роден овде, живее и работи во туризмот, издавајќи станови во приватниот сектор, единствено што можам да кажам е дека сум исклучително среќен за тоа - зошто?“, започна тој во видеото што го објави на „niko_mar_10“ профилот на TikTok.

Потоа ги наведе причините:

„Затоа што ги окупиравте сите плажи и им ставивте огромни давачки. Човек веќе не може да оди на плажа и да се бања пристојно, туку мора да потроши вистинско мало богатство.

Не е нормално становите во приватниот сектор да чинат од 30 до 60 евра за двајца, а исто толку да потрошите за две лежалки и чадор на плажа за само неколку часа.

Не е нормално еден хамбургер да чини меѓу 4 и 6 евра, не е нормално парче пица да чини исто. Не е нормално 10 ќебапи со помфрит да чинат од 10 до 12 евра, не е нормално парче пржено пилешко на некое зелено пире да чини од 15 до 20 евра.

Не е нормално кафето да чини меѓу 2 и 4 евра, а шишето вода 0,25 исто толку.

Не е нормално да правиш толку многу, и многу ми е мило што сето тоа ти се враќа. Единствено за што жалам е овој обичен народ на кој му ја одземавте душата и правото да ужива во нашето прекрасно море. Се што сакам од тебе е тоа... Ќе молчам“, заврши тој.

Ова видео беше проследено со низа коментари за поддршка, а многумина му честитаа за искреноста.

„Проблемот на туризмот во Црна Гора е што ги преценува своите можности. Не е проблем да платиш за нешто, проблем е повеќе што услугата не постои“, „Нема да одам таму дури и да ми понудат бесплатно “, „Благодарам за искреноста“, се дел од коментарите.

Неговиот коментар може да го погледнете тука

Курир,рс

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација