20 Декември, 2025
0.0408

Не ги потценувајте хакерите,бидете подготвени да пресретнете Cyber криминал

Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2022 10:15

Добивај вести на Viber

Во месецот посветен на Cyber Security потсетуваме на неколку важни принципи кои помагаат да се заштите од несакани Cyber напади и малверзации.

·  ЗАШТИТЕТЕ ЈА ВАШАТА ОПРЕМА

Редовно надградувајте ги вашите хардвер и софтвер и со тоа решете постоечки проблеми и безбедносни пропусти од неавторизирани пристапи.

·  ПРЕПОРАКИ ЗА ЛОЗИНКИ

Одберете силни лозинки, на пример, во форма на фрази или зборови кои е тешко да се погодат. Лозинката чувајте ја во тајност, не ја споделувајте ниту запишувајте никаде и не користете иста лозинка за повеќе најави.

·  СОВЕТИ ПРИ ЧИТАЊЕ НА Е-МАИЛОВИ И ОТВОРАЊЕ НА ФАЈЛОВИ

Добро проверете и уверете се дека е-маилот ви е испратен од автентичен праќач, и дека самата порака е со автентична содржина. Многу злонамерни софтвери се програмирани на начин што користат испраќање на лажни е – маилови од навидум автентична адреса.

·  ЗАШТИТЕТЕ ГИ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ

Не споделувајте премногу лични податоци на социјалните мрежи, и внимавајте во споделувањето информации во работниот делокруг. За поголема безбедност, секогаш придржувајте се до принципот на „чисто биро“, и додека не сте присутни не оставајте видливи податоци на биро или на мониторот.

·  БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ ПРИ ИНСТАЛИРАЊЕ И ПРЕЗЕМАЊЕ НА ПРОГРАМИ

Преземените фајлови во различни формати (слика, текст мултимедиа, филм и друго) може да содржи злонамерен софтвер, па затоа, бидете внимателни при преземање фајлови од интернет. Користете добропознати и сигурни извори на инсталирање и преземање.

·  СЕКОГАШ ПРАВЕТЕ КОПИЈА НА ВАЖНИТЕ ФАЈЛОВИ

Зачувајте ги и направете уште една копија од документите кои не смеат да бидат изгубени, а се важни за вашето работење, или пак може да ја нарушат безбедноста при допир со неовластени лица.

·  НАЈАВА

Заштитете ги сите ваши профили. Не користете никакви процеси на автоматизирана најава преку кои се зачувуваат вашите лозинки.

·  ЗАШТИТЕТЕ ГО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН

Македонија го нуди сервисот A1 Net Protect кој обезбедува уникатна заштита од интернет закани за да ги задржи корисниците безбедни додека користат секакви уреди било да е тоа дома или во движење.

A1 Net Protect функционира директно преку мобилната мрежа на А1 Македонија (и останати роаминг партнери) и нема потреба за инсталација на никаква дополнителна апликација или софтвер.

А1 Net Protect во првиот месец на активација е достапен за 0 денари, а потоа чини 29 денари месечно, може да биде активирана преку СМС со текст START PROTECT на 140 007, преку апликацијата Мојот А1, со јавување во Контакт центар на 077 1234 или во најблискиот продажен салон на А1.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Загина малолетник во сообраќајка со мотоцикл

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Удрил со возило во полицаец во Тетово и избегал

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име