Не го личи доктор да оди со автобус на работа
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018
Претставниците на синдикатот на клиничкиот кампус „Мајка Тереза“ денеска се собраа на првиот протест по одлуката на скопскиот градоначалник Петре Шилегов да им го поскапи месечниот билет од 300 на 800 заради намалување на метежот на истиот и ослободување на простор за возилата на болните пациенти.
Од таму наведоа дека докторите од психо-физички причини не се во можност да го користат јавниот автобуски превоз и мора да доаѓаат на работното место со автомобил. Од таму демантираат дека ги оставале возилата по неколку денови да стојат на паркингот и најавија дека во знак на протест секој ден од 10.00 до 10.30 ќе го блокираат наплатниот пункт за време на паузата.
- Овој паркинг има месечен приход од околу 100.000 евра. До сега се насобрани големи суми на пари и не знам зошто не се најде начин тие пари да се инвестираат за да се направи повеќе паркинг-места. Ова е мошне непопуларна мерка да се удри по џебот на вработените, а ништо да не се направи - изјави оред новинарите Ивица Апостолов, медицински лаборант.
На протестот имаше лекари, медицински сестри, болничари и вработени на одржување.