„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА УВОЗНА ИНФЛАЦИЈА, КОГА ТАА СЕ НАМАЛУВА ВО ЗЕМЈИТЕ СО КОИ ИМАМЕ НАЈГОЛЕМА ТРГОВСКА РАЗМЕНА“ - Крешник Бектеши во Бизнис муабети на Фактор

Објавено во: Економија 14 Март, 2025 12:41
Поранешниот министер за економија, денес висок фунцкионер на ДУИ, Крешник Бектеши овој петок во Бизнис мубаети на порталот Фактор.Мк.
За нецела година македонската економија не се движи во правилна насока, инфлацијата е висока, а Владата не презема ништо, вели Бектеши.
„Нашата држава е единствената држава во регионот која има инфлација над 5 проценти, во време кога инфлацијата е спласната на глобално ниво, но и на европско ниво, и е намалена во државите со кои ние имаме најголема трговска размена. Ако зборуваме за увозна инфлација, ако зборуваме за зависност од одредени производи, тогаш треба да направиме споредба со тие држави во ЕУ со кои имаме најголема трговска размена за овие производи. Таму во континуитет има намалување на инфлацијата, а се случува спротивното во нашата држава“, објаснува Бектеши.
Тврди дека оваа Влада на Христијан Мицкоски се фали со проекти од Владата на СДСМ и ДУИ..
Бектеши во Бизнис муабети се извини на целата јавност за „играњето фудбалче“ и смета дека јавноста погрешно го има протолкувано тоа. „Немавме намера никого да повредиме“, вели Бектеши.
Не знае каде е Артан Груби и не се слушнал со него, но Бектеши е уверен дека доколку се овозможи неселективна правда Груби сигурно би се вратил во Македонија.
Во однос на политичката состојба, Бектеши вели дека став на ДУИ е заедно со локалните избори годинава да се одржат и предвремени парламентарни избори.
Дали имало матни зделки додека беа на власт?
Дали ДУИ му пресуди на СДСМ?
Гледајте Бизнис муабети со Крешник Бектеши овој петок на Фактор.мк
Можеби ќе ве интересира
АЗЕСКИ ИЗРАЗИ СОЧУВСТВО И ЈА ПОДДРЖА НАМЕРАТА НА ВЛАДАТА ЗА ОДГОВОРНОСТ

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

ДОНЕРОТ ЌЕ ЧИНИ „САМО“ 12 ЕВРА, КИРИЈА ЗА ЗАЕДНИЧКА СТУДЕНТСКА СОБА 800 ЕВРА: Енормно поскапување во Германија

ГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА АЛКОХОЛ СМИСЛУВААТ АЛТЕРНАТИВИ: Построги правила за царините на Трамп

И ТЕСЛА СЕ ПЛАШИ ОД ЦАРИНИТЕ: САД внимателно да ја разгледаат својата трговска политика

УНИШТЕНИ ДЕСЕТИНА КИЛОГРАМИ НЕБЕЗБЕДНА ХРАНА! Еве што велат од АХВ

ПРОПАДНА БАНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Засегнати илјадници клиенти, што ќе биде со нивните пари?

НАЈДОА НАЧИН КАКО ДА ГИ ЗАОБИКОЛУВААТ САНКЦИИТЕ: Русите користат криптовалути во трговијата со Кина и Индија

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски
