28 Април, 2025
0.7912

АЛБАНИЈА ЗАБРЗАНО СЕ РАЗВИВА: Дали македонските граѓани одат таму на печалба?

Објавено во: Економија 16 Март, 2025 07:29

Добивај вести на Viber

Иако албанските власти објавија дека меѓу другите имаат и македонски државјани сезонци, сепак во земјава прашавме по агенциите за посредување при вработување и оттаму велат дека нема некое поголемо и посериозно регрутирање на работници за ангажман кај западниот сосед. Прашавме и во Дебар, дали жители на овој град одат на сезонска работа во Албанија и граѓаните велат дека такви случаи се ретки и се договараат преку лични контакти.

„Заминуваат нашиве во Германија и мојот син е таму. Се селат и во Австрија. И да има некој да отишол во Албанија, тоа е ретко. Има обратни случаи, од Албанија доаѓаат да работат во Дебар. Во кафулињата се вработуваат, а за друго не сум слушнала“, вели жителка на селото Жировница.

Побогатите европски земји се најатрактивни за македонските граѓани.

„Сме имале неколку побарувања од компании од Албанија, ама ништо конкретно. Немало заинтересираност од кај нас. Јазичната бариера е проблем. Повеќето сакаат да одат во Германија и Хрватска да работат“, велат од Посредник24.

Соседна Албанија и летово ќе има потреба од странски работници. Кујтим Дервиши од Здружението на ресторани и гостилници објасни дека и годинава, во пресрет на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите имаат недостиг на работници. Го контактиравме Дервиши дали има повеќе информации за тоа каде работат македонските државјани во Албанија, но тој не располагаше со детали.  Во Албанија им требаат повеќе од 2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи, туристички водичи и менаџери. 

Според податоците на Национална агенција за вработување и вештини (АКПА) минатата година во Албанија со редовен договор за вработување биле ангажирани над 13.000 странски државјани. Доминираат италијански, турски и индиски, а како што соопштија, не е мал процентот и на македонски, косовски и пакистански државјани. Ако ги погледнеме огласите за вработување во Албанија, на дел од нив се нудат и плати од 1.000 евра, па дури и 1.500 евра, но има и доста огласи на кои износот на платата е 800 евра.  

Албанија е прва во светот по зголемување на бројот на туристи, според Светскиот туристички барометар. Според бројките, земјата пречекала 7,5 милиони туристи во 2022 година, а во 2023 година тој број има зголемување за околу 30 отсто, односно 10,1 милиони. Албанскиот премиер Еди Рама претходно изрази надеж дека со зголемување на платите ќе се намали иселувањето од земјата.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

СЕ ЗГОЛЕМУВААТ ПЛАТИТЕ ВО СРБИЈА: Објавени се нови податоци за просечната заработка

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ЧЕТВРТА ЕКОНОМИЈА ВО СВЕТОТ: Калифорнија ја движи нацијата напред

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ УГОСТИТЕЛ И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА НУК, ЗДРАВКО ЈОСИФОВСКИ - роднините и пријателите се простуваат од него

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ

„АЛКАЛОИД“ ОТВОРИ НОВИ ХОРИЗОНТИ ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ СО ТЕЧНИОТ ОМЕПРАЗОЛ: ВО ЗАГРЕБ ОДРЖАНА ПРВАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ВО ТРЕТМАНОТ НА ГЕРБ КАЈ ПЕДИЈАТРИСКИТЕ ПАЦИЕНТИ