Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски
Објавено во: Економија 14 Март, 2025 16:26
Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески одржа работна средба со претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, во просториите на општината. На средбата се разговараше на повеќе теми, значајни за бизнисот и општините. Стана збор за проблемите на бизнисите, децентрализацијата и инвестиционата активност на општините. Интересот на најголемата и најзначајна бизнис организација е инвестиционата активност да се пренесе низ целата држава, со што ќе се овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ, како и остварување на целите од континуирано зголемување на растот, со што пак ќе се возможи поголем стандард за граѓаните и развој на компаниите.
Стопанската комора ќе ги поддржи сите интенции на Владата кои одат во правец на остварување на раст над 4%, градење на правна држава, како и владеење на принципите на пазарната економија.
Во разговорите градоначалникот го информираше претседателот Азески за активностите на општината на тој план, а беа разменети и мислења за градење на имплементација на сите политики кои водат кон остварување на оваа суштинска цел - ослободување на сите невралгични точки за равој на бизнисот, создавање на поволна бизнис клима и изнаоѓање на решенија коишто ќе овозможат поддршка на сите бизниси кои остваруваат додадена вредност, водат сметка за заштита на еколошката средина и отвораат нови работни места.
Можеби ќе ве интересира
Македонија најевтина во Европа според цените на храната
НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?
„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага
Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци
Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите




