14 Декември, 2025
0.0325

Не само универзитет, туку заедница: Како УАКС ја живее културата на благодарност

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2025 12:18

Добивај вести на Viber

Вработените во фокус: УАКС докажува дека корпоративна култура која мотивира е можна

Корпоративната култура кај нас сè почесто се сведува на формалност, но, Универзитетот Американ Колеџ Скопје викендов испрати поинаква порака – дека вистинската сила на една институција се луѓето.

Луѓето и семејството на прво место – и тоа не само како слоган

Саботата во Градскиот парк во Скопје не беше обична работна сабота за вработените на Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС). Под мотото „Family First“, УАКС организираше настан кој, наместо вообичаените формалности кои можеме да ги видиме на корпоративни настани, изобилуваше со топлина, блискост и искрена благодарност - вредности кои одамна не се само дел од визијата на овој универзитет, туку се и секојдневие.

Во време кога зборовите како „тим“, „заедништво“ и „корпоративна култура“ се користат премногу често, а ретко се живеат, УАКС викендов покажа што навистина значи кога институцијата ги става луѓето во центарот на своето работење.

20 години УАКС, но пред сè, 20 години луѓе

Настанот, кој се одржа во рамките на прославата на 20-годишнината од основањето на УАКС, испрати јасна порака: дека токму луѓето се основата на секоја силна институција. Преку богата програма за вработените и нивните семејства, УАКС покажа што значи вистинска корпоративна култура на грижа и благодарност кон луѓето кои ја прават успешна - нејзините вработени, кои не само што пренесуваат знаење, туку и создаваат средина каде што се цени секојдневната посветеност, меѓучовечките односи и тимската енергија. Да се види сето ова на дело е навистина реткост во земјата.

Настанот започна со обраќања од ректорот проф. д-р Марјан Бојаџиев и проректорката за настава проф. д-р Венера Крлиу, кои симболично го отворија денот посветен на вработените и нивните семејства. Продолжи со емотивен настап на AHSS бендот – ученици од Американската гимназија Скопје, што уште еднаш го потенцираше континуитетот меѓу институциите и генерациите во семејството на УАКС.

Култура на благодарност на дело, не само на зборови

Кога институцијата ќе ја препознае вредноста на својот тим и тоа го покаже на дело – преку искрена благодарност, почит и поддршка – тогаш создава модел што другите ќе го следат.

Така, проф. д-р Венера Крлиу на настанот се осврна на суштинската вредност на тимската работа и личната посветеност на секој поединец во институцијата. Таа потенцираше дека УАКС не е само место за работа – туку семејство што секојдневно расте заедно. Таа често повторува дека УАКС е „жив систем“, составен од луѓе кои вложуваат срце и душа во она што го градат заедно.

Токму затоа посебно значаен дел од програмата беше доделувањето на персонализирани подароци за вработените со најдолг стаж, како симболична и искрена благодарност за нивниот придонес во изминатите две децении. Гест на признание, но и на внимание, какво ретко се гледа во корпоративната реалност кај нас. „На нашите професори, асистенти, административци, технички персонал – ви благодарам што вложувате и срце и душа во ова што го градиме заедно“ додаде проф. д-р Крлиу.

УАКС не е само институција – туку заедница

На настанот беше видливо и јасно дека успехот на УАКС не би бил можен без колективната енергија на тимот. Заедништвото како што беше посочено, не е само дел од корпоративната култура - туку нејзин столб. Токму оваа меѓусебна доверба и вреднување на трудот го прави УАКС повеќе од академска институција и го прави заедница.

Ректорот проф. д-р Марјан Бојаџиев во своето обраќање им се заблагодари на членовите на УАКС тимот и истакна дека е горд што клучот на успехот на УАКС се луѓето кои 20 години заеднички придонесуваат за развојот на институцијата.

„УАКС не е само место каде што растат идеи, туку и место каде што растат луѓе”, поентираше проф. Крлиу, затворајќи го настанот со порака на благодарност, надеж и визија за уште многу години заедничко градење.

УАКС како стандард што инспирира

Во еден општествен и економски контекст каде што честопати трудот не е доволно вреднуван, УАКС се издвојува како пример дека може и поинаку – дека институцијата може да биде и пријатно место, каде што луѓето се слушаат, се почитуваат и се слават. Така, во време кога добрата корпоративна култура сѐ уште е исклучок, а не правило, УАКС го постави стандардот за нијанса повисоко и покажа дека кога „семејството е на прво место“, успехот доаѓа природно.

Овој настан беше уште еден потсетник дека вистинскиот успех не се мери само со бројки, туку со луѓето зад нив. А УАКС тоа го покажува веќе 20 години.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово