СКАНДАЛОЗНА КРАЖБА: украдени 2,4 милиони денари веднаш по подигање од банка во Аеродром
Објавено во: Македонија 02 Април, 2018 14:28
Две непознати лица извршиле кражба над 38-годишниот Д.К. со што му одзеле два милиони и четиристотини илјади денари кои претходно ги извадил од банка на булеварот Јане Сандански во Скопје.
Оштетениот пријавил дека денеска околу 11:15 со закана со пиштол две непознати лица кои дошле со моторцикл му одзеле 2 милиони и 400 илјади денари. Нападнатиот парите ги извадил од банката, а бил пресретнат позади експозитурата.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име




