06 Мај, 2024
0.0265

Неделен Фактор: Кило банани, паштета и виршли - Нездрава политичка исхрана

Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

За тие што внимаваат на исхраната и секој ден го започнуваат со диетален оброк со некое тропско или јужно овошје, веста дека во пратка со банани биле запленети 1 килограм кокаин од планирани 1,2 тони може да биде доста загрижувачка, особено ако дојде до покачување на цените на ова овошје. Ако е така, тогаш не би било во ред да се префрлат на некоја поевтина но, и не толку здрава исхрана.

За нивна среќа поранешниот македонски премиер Зоран Заев покажа дека и „студентската диета“ не е толку страшна. Мора да се јаде, ако се многу обврски и задачи во текот на денот, па набрзина како и многу македонски студенти ќе се покријат потребите на гладниот стомак со паштета намачкана на лепче и набрзина подготвени виршли. Добро е што за макотрпниот живот на Зоран Заев лидер на владејачката СДСМ како и за студентите по државните домови се грижат барем две две куќни помошнички, навистина многу скромно и блиску до секојдневното искуство на студентите.

Со таква оскудна исхрана разбирливо е да растат апетитетите, но не за брза храна со конзерванси, туку за најслаткиот деликатес за секој македонски политичар, а тоа е апетитот да се остане на власт, најчесто без оглед на високата цена која е на менито, и на сложените рецепти, особено на тие на интернационалните готвачи.

Ненајадениот Заев им порача на опозиционерите дека на 12 април добро ќе се најаде. Посетувајќи ја македонската фабрика „Винчини“ покажа дека апетитот му е насочен кон вафлата „Премиер“, уште еден голем залак кој е подготвен да го изеде.

Нутритивната вредност на Зоран Заев експресно се зголеми откако најави дека СДСМ повеќе не е македонска партија, односно дека на софрата со предвремена „резервација“ може да седнат и политички партии од албанскиот блок.

Заев е несебичен политичар, тој често знае да подели големи делови од колачот, од амнестиии за пратеници кои отвораат врати на Собрание, и потоа отвораат врати за промена на Уставот, па ако тие подвизи им ја испразнат енергијата, веднаш е подготвен повторно да ги нахрани, особено ако треба да се „изедат“ неколку клучни закони, на пример структурен и суштински закон за Јавно обвинителство со силно наметнување на еднострана политичка волја.

Новите планирани коалициони партнери на Заев пред изборите напролет прашање е што ќе посакаат да им биде сервирано на менито, тешко е дека би се задоволиле со „паштета, салама и виршли“, особено што истите се етнички како што велат угнетени, па можеби ќе сакаат и продукти вон вообичаено мени.

Се потрошија залихите за нови закони за употреба на јазиците, казни за неспроведување на истите, се поставија веќе сите двојазични табли и низ источниот дел на Македонија, се изедоа и сите амнестии, поништени или вратени се од почеток многу судски предмети.

Колку ли само усти ќе треба да нахрани Заев за да победи на 12 април, колку ли само „крави ќе треба да заколе за да направи една сочна кременадла“.

Х.С.

Можеби ќе ве интересира

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗАВРШЕН МИТИНГ ДЕНЕСКА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ - во 19 часот на Сквер Јадран

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЗА ДЕНЕСКА НАЈАВЕН ЗАВРШЕН НАРОДЕН СОБИР НА ЛЕВИЦА - ќе се обрати лидерот Димитар Апасиев

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

ЈАНАКИ ГО ВИКА АПАСИЕВ НА ТВ ИЛИ ПОТКАСТ ДУЕЛ: Ќе добие можност да ме прегази како правник, а и ќе се наплаќа

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„КАКО ДА ГО ЧУВАМ ДЕТЕТО КОЕ СЕ ОПОРАВУВА И ДА ГИ ЛЕЧАМ РАНИТЕ ОД КУЧИЊАТА, БЕЗ ФИНАНСИИ“ - потресна приказна на граѓанка од Скопје

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

„ДВЕ ЛИЦА БЛИСКИ И ПОД КОМАНДА НА КИЧЕЕЦ МИ СЕ ЗАКАНУВААТ“ - Боки 13 вели дека нема да молчи и се ќе каже на второто гостување кај Лазаров

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

КАКО ВО ЛЕТО: ЕВЕ КАКВО ВРЕМЕ ЌЕ ИМАМЕ ДЕНЕСКА - температури и до 26 степени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?