06 Мај, 2024
0.0246

НЕИЗВЕСНОСТ, РЕВОЛТ И НЕЗАДОВОЛСТВО: Вработените во Југохром упорни за средба со Димитриев!

Објавено во: Економија 12 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Вработените во Југохром кои се уште се на принуден одмор, упорно бараат да се сретнат со премиерот Емил Димитриев.

Тие пред десет дена му упатија барање за средба, а денес го потсетуваат дека се на крајот на нервите.

„Ние 700 вработени во Југохром, влеговме во 2017-та гофина со неизвесност, револт и незадоволство. Се чуствуваме изиграни како работници и измамени од некои институции, кои најпрво задоцнија со издавањето на неопходните дозволи за изградба на филтрите, а потоа наредија престанок со работа на печките“, стои во денешното соопштение на Југохромци до медиумите.

Тие додаваат дека Југохром не работи два месеци, а тоа не ја намалило загаденоста во Тетово, единствено вработените останале без ангажман, работа и егзистенција.

„Спремни сме да продолжиме со уште порадикални протести и со други облици на изразување на незадоволството. Но, пред да преземеме други мерки, би сакале да се сретнеме со Вас, да размениме информации и да видиме дали е можно проблемот да се реши по институционален пат. Сметаме дека може, со Ваша помош и посредство да се најде некое прифатливо решение со кое ќе се обезбеди сигурна егзистенција на работниците“, потенцираат од синдикалната организација на комбинатот Југохром.

Југохром е исклучително значаен за локална економија

Економски аналитичари истакнуваат дека компанијата Југохром е исклучително важна за регионот, и за целата македонска економија, во која учествува со над 1% од БДП. Претставува една од трите фабрики во Европа која произведува феросилициум, која е значаен извозник што директно влијае на намалувањето на трговскиот дефицит, и е важен извор на буџетски приходи. Но она што е најважно е дека од 'Југохром' директно живеат 1.250 семејства, но и уште 4 илјади други семејства егзистираат индиректно, како кооперанти.

За ова повеќе читајте овде.


Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години