Некои луѓе три пати повеќе биле повикувани на разговор за работа - во што е тајната?
Објавено во: Економија 06 Февруари, 2017
Луѓето кои имаат име кое звучи „англиски“ три пати повеќе биле повикувани на разговор за работа од оние со муслимански имиња, пишува британското ББС.
Во рамки на истражувањето на многу огласи пратени се кратки биографии на две лица, Адам и Мухамед кои имаат исти вештини и искуство.
По два и пол месеци Адам имал 12 понуди за разговор, а Мухамед само 4.
Ова го потврдува истото што и други истражувања.
Мажите кои се муслимани во Британија имаат за 76% помали шанси за вработување од нивните колеги христијани.
Ова го покажале резултати од истражување од Универзитетот во Бристол.