Нелт со донација од 20.000 евра и 1.700 визири помага во справувањето со Kовид-19
Објавено во: Македонија 16 Април, 2020
Компaнијата Нелт донираше 20 000 евра за помош на здравствените работници во борбата со корона вирусот. Паричните средства беа уплатени на посебнатадонаторска сметка што ја отвори Министерството за здравство за донации од компаниите, чија намена ќе биде помош во справување со заканата по јавното здравје произлезена од ширењето на вирусот ковид-19.
Дополнително, обезбедени се 1700 визири кои во наредните денови ќе бидат бидат дистрибуирани и поделени на вработените од продажните објекти кои ги снабдува Нелт.
„Свесни сме за предизвикот со кој се соочуваме сите, а најголемиот товар секако е на здравствените работници, затоа Нелт Група обезбеди донации во сите земји на Западен Балкан. Дополнително во Македонија ќе донираме и 1700 визири за вработените во продажните објекти кои ги снабдуваме – изјави Зоран Стојчевски, генерален директор на Нелт- СТ – Скопје.
Од Нелт информираат дека се фокусирани на континуирано снабдување на населението со неопходните намирници со цел што е можно полесно да се преброди целата ситуација. Секојдневното доставување на производи до продажните објекти се одвива стабилно, континуирано и непречено.
-Постојано ги следиме упатствата и мерките на надлежните со цел да се прилагодиме на најдобрите пракси кои покажуваат успех во справувањето со вирусот и го успоруваат неговото ширење. Искрената грижа за здравјето и безбедноста на сите наши вработени, купувачи и деловни партнери е наш приоритет и затоа веднаш презедовме заштитни мерки, во секојдневните деловни активности, кон кои континуирано се придржуваме - истакнуваат од Нелт.
Нелт Група донираше парични средства и материјална помош и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.