26 Април, 2024
0.0306

НЕМА ДА ОСТАВИМЕ НЕЗГРИЖЕН НИТУ ЕДЕН ВОЈНИК СО НАПОЛНЕТИ 45 ГОДИНИ - Од Одбрана ги отфрлаат обвинувањата

Објавено во: Македонија 07 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Министерството за одбрана ги отфрла наводите на групата професионални војници -  дека не води грижа за решавање на нивниот статус. 

„Ниту еден професионален војник со наполнети 45 години нема да остане незгрижен или со нерешен статус во однос на втората кариера. Тоа сме го правеле досега, тоа ќе го правиме и отсега“, рече денес во изјавата државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ. 

„Министерството за одбрана останува посветено на својот приоритет околу решавањето на прашањето на професионалните војници со наполнети 45 години. Оваа грижа и овој приоритет ќе биде решаван и понатаму како и до сега”, истакна тој.

 Николиќ посочи дека со најновите измени на Законот за служба во Армијата се создаваат дополнителни можности за оваа возрасна група војници, кои ќе можат да избираат помеѓу натамошна служба или добивање на отпремнина.

 „На 1 февруари го објавивме проектот околу решавањето на статусот на војниците од 45 години возраст. Нашите чекори беа поздравени од синдикатите во одбраната. Дополнително отвораме и нови можности преку пополнување на противпожарната територијална единица низ целата држава”, рече државниот секретар и апелираше до Собранието на Република Северна Македонија час поскоро да бидат донесени измените во Законот за служба во Армијата со цел да се пристапи кон нивна примена.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“