27 Април, 2024
0.0305

НЕМА ДА ВЕРУВАТЕ ШТО СЀ СЕ ПРОИЗВЕДУВАШЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Тоа беа времиња кога ни завидуваше половина свет

Објавено во: Економија 29 Ноември, 2022

Добивај вести на Viber

Југославија го празнуваше денешниот датум 29 ноември како државен празник. Во оваа прилика се сеќаваме на стара Југославија.

Голем број жители на земјава, но и на Србија, Хрватска, БиХ, Словенија... утрово се разбудија носталгични затоа што денеска 29 ноември е познат како национален празник кој масовно се славеше во Југославија.

По повод 29 ноември, ви пренесуваме приказна за тоа што се произведувало на нашите простори и по што сме биле препознаени во светот.

На социјалните мрежи веќе некое време кружи мапа со фирми кои постоеле на територијата на поранешна Југославија, а на неа може да се види се што се произведувало во „среќните времиња“. Некои од југословенските производи ги користел буквално целиот свет, а како што пишува Кликс се произведувале бродови, автомобили, авиони, камиони, оружје, па дури и компјутери.


Секако, на мапата се вклучени и компании кои биле производители на облека, храна и други производи. Сепак, многу од овие компании повеќе не постојат или се под банкрот или полека пропаѓаат.

За време на „Југ“ во БиХ во ТАС се произведуваше популарниот Фолксваген Голф, но и популарната „Буба“ која се произведуваше со помош на тогашниот УНИС. Муницијата, на пример, се произведуваше во ПРЕТИС од Вогошќа, лидер на наменската индустрија во Југославија.

Во ФАП од Прибој и ТАМ од Марибор се произведуваа тешки камиони и шлепери, додека лесни транспортери се произведуваа во Застава во Крагуевац. Годишно таму се произведувале околу 200.000 автомобили. Гордоста на воената индустрија во поранешната држава беше СОКО со производство во БиХ, додека државната фабрика за авиони постоеше и во Краљево.

View this post on Instagram

A post shared by Jugoslavija Stare Slike (@jugoslavija_stare_slike)


Во Славонски Брод имаше фабрика за вагони, а бидејќи Хрватска има излез на море, таму имаше најмногу бродоградилишта. Сепак, бродоградилишта имало и во Србија и Црна Гора. Кликс наведува дека Уљаник во Пула и 3. Мај во Риека биле на светско ниво и дека во тие бродоградилишта се произведувале најголемите прекуокеански бродови.

Верувале или не, Југославија беше една од петте земји во Европа кои имаа свои компјутери. Веројатно најпознат е Galaxy, додека првиот произведен компјутер е CER-10. Кон крајот на 70-тите, компанијата Дигитрон во Бује во Истра и Искра во Словенија започнаа со склопување на компјутери.

View this post on Instagram

A post shared by Yugonostalgia - Jugonostalgija (@yugo.nostalgia)


Македонија главно го снабдувала југословенскиот пазар со земјоделски производи, градинарски култури и ран зеленчук, овошје, тутун и цигари, челик за бродоградба, текстилни производи и полуфабрикати кои најчесто биле дофабрикувани во Словенија и Хрватска, а подоцна се извезувале и во странство и се пласирале како словенечки и хрватски производи.

Сепак, Македонија поради разни околности, била во подредена економска положба во однос на поголемите републики особено на Србија. Поради тоа, економскиот развој во Македонија се задржал само во педесеттите и шеесеттите години на XX век, додека во седумдесеттите и осумдесеттите се забележувале знаци на економска стагнација, додека републики како Словенија, Хрватска и Србија економски напредувале во однос на останатите.

 На што се сеќавате од стара Југославија?


Фото насловна: Youtube - screenshoot - Balkan Berater

Фото: Фејсбук/Инстаграм

Извор: Стилкурир/Википедија

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра