Нема крај на расколот во ИВЗ-Реџепи не примал „гејови“ во заедницата
Објавено во: Македонија 03 Октомври, 2019
Нема крај на превирањата во Исламската верска заедница. Скандалозни изјави од устата на Реџепи упатени кон Бузаку кој се бори да му ја земе функцијата.
-За „гејови“ нема место во ИВЗ и тие треба да се избркаат надвор-рекол денеска реисот Реџепи, објавија медиумите .
Како што се наведува оваа изјава на реисот Реџепи следи по ултиматумот кој му го постави Бузаку и кој се закани дека пред јавноста ќе објави криминал за Реџепи а во текот на утрешниот ден доказите и сознанијата како што тврди ќе бидат предадени во полиција и обвинителство.
-Ослободете го ИВЗ за 72 часа, и ако тој не даде оставка, тогаш имаме страшни факти, застрашувачки докази. Ова го побара поранешниот секретар на скопското муфтивство.
Имено, во април имаше неуспешниот обид за превласт во Исламската Верска Заедница, откако се обиде со пресуда на судот да се прогласи за нов поглавар на ИВЗ.