07 Декември, 2025
0.0637

Нема милост за скопски клинички центар! Државната струја ќе ја плаќа по цени од берзата ХУПЕКС!

Објавено во: Економија 04 Март, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Во последните три години во Министерството за здравство се сменија тројца министри. Ниту еден од нив не мрдна со прст за да им заштеди на државните клиники, а со тоа и на централниот буџет стотици илјади евра. Се што требаше да се направи е надлежното министерство и Владата да ги извадат клиниките и болниците од листата субјетки кои купуваат струја по пазарни односно берзански цени. Па и да значи тоа промена на законската и подзаконската регулатива. Со тоа овие субјекти би имале регулирана цена за струјата. Државните болници и клиники не остваруваат профит туку спасуваат човечки животи! Тие не заслужуваат ваков однос, а не заслужуваме ниту ние граѓаните кои го полниме буџетот...

Сега ЕСМ државната струја на клинички центар ќе ја продава по берзанска цена, а да биде иронијата неподнослива за тоа неговата фирма ЕСМ Продажба ќе наплати 114.000 евра „трговска маржа“ за услугата!

Пет универзитетски клиники, три институти и еден здравствен завод, сите од скопскиот државен клинички центар во годинава што следи ќе плаќаат струја по берзанска цена!  

Жално, но вистинито. Втора година по ред скопскиот државен клинички центар е приморан да плаќа струја по цени од унгарската берза ХУПЕКС. При тоа институцијата која спасува животи на најкритични пациенти и е терциерно здравство кое не прави профит ќе плаќа државна струја по берзанска цена.

Најновиот тендер за набавка на струја за скопскиот клинички центар го доби ЕСМ Продажба, фирма ќерка на ЕСМ, како единствен понудувач.

На овој понудувач клиниките за детски болести, инфективни болести, ургентниот центар, радиотерапија и онкологија и психијатрија  заедно со институтите ТБЦ, медицина на трудот и радиологија и заводот за слух, говор и глас зедно на ЕСМ ќе му платат износ до 2,69 милиони евра за една година.

При тоа ЕСМ Продажба за својата услуга ќе наплати маржа од 5% од вредноста на потрошената струја што ја плаќа по цена од берзата ХУПЕКС 

Просто кажано ако се реализира целата вредност од договорот ЕСМ Продажба за својата „услуга“ на скопските клиники ќе им наплати 113.800 евра провизија односно маржа.

Ова е втор тендер во низа на кој скопските државни клиники плаќаат берзански цени за потрошена струја. На претходниот тендер склучен на 16 декември 2022 година државните клиники се обврзаа на ЕСМ да му платат 2,69 милиони евра повторно по цени како на унгарската берза за струја.

Р.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

(ВИДЕО) „ОВА Е НЕРЕАЛЕН БУЏЕТ“: Битиќи вели дека предлог буџетот за 2026 година му изгледа на предизборен

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Повеќето милијардери живеат во оваа европска земја: Додека беснее економската криза, нивното богатство се зголемува

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Милијарди на хартија, но каде се парите?

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Скијачки центар во Србија каде што врне снег како на Копаоник, а викендот чини помалку од гориво: Mесто без гужви и високи цени

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Мицкоски: Економијата мора да излезе од замката на ниски плати

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува

Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува