26 Април, 2024
0.0292

НЕМА НА НАСИЛЕН НАЧИН ДА ГИ ЛИШИМЕ НАШИТЕ БРАЌА ОД ЕВРОПСКА ИДНИНА - бугарскиот мандатар Николов дава зрак на надеж

Објавено во: Македонија 31 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Пламен Николов, кандидатот за премиер на Бугарија предложен од партијата „Има таков народ“ која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори, синоќа во гостување на бугарската национална телевизија БНТ ја коментираше и нивната позиција кон Македонија, ако успеат да формираат влада. Тој рече дека она што особено многу ги загрижувало членовите на „Има таков народ“ било „неисполнувањето на преспанскиот договор“.

"По никаков начин нема да ги загрижуваме своите браќа и нема да ги лишиме од можноста за нивна европска иднина на некаков насилен начин или на начин кој се применува од други балкански држави, но ова не значи дека нема да опстоиме на нашиот национален интерес. Како точно ќе биде направено тоа - можеби со ревизија на самиот договор и преразгледување“, рече Николов.

На новинарското прашање дали линијата на новата влада ќе биде како на досегашната или поразлична Николов одговори дека „со сигурност нема да биде линија на конфронтација“.

Тој вчера како кандидат за премиер на „Има таков народ“ од бугарскиот претседател Румен Радев го доби мандатот за составување на влада. Освен досега владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов сите други парламентарни партии се во игра за составување на новото владино мнозинство. Во бугарскиот парламент свои пратеници имаат и БСП, „Демократска Бугарија“, ДПС и „Исправи се БГ! Доаѓаме!”.

Мандатарот Николов е доктор по филозофија на право, политика и економија. На интернет страницата на „Има таков народ“ е претставен како човек со повеќе од 15 години искуство во бизнис и управување со проекти. Николов работи за американската мултинационална компанија која има седиште во Софија.

Можеби ќе ве интересира

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите

МАСКИРАН СО „ФАНТОМКА“ ВЛЕТАЛ ВО КАЗИНО СО АВТОМАТСКА ПУШКА - украл над 300 илјади денари, еве ги деталите