19 Мај, 2024
0.0315

НЕМА ОПАСНОСТ ОД ГАСНЕЊЕ НА ТВ КАНАЛИТЕ: Се бришат спорните одредби од Законот за медиумски услуги

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Се бришат спорните одредби од членот 143 од Законот за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, чија ефективна примена се закануваше да предизвика медиумски мрак, и поради кој, веќе подолг период наназа нацаионалните телевизии и кабелските оператори беа во жесток конфликт.

Бришењето на законскиот член се предвидува со предложените законски измени кои Владата веќе ги испрати во парламентот и тие се во собраниска процедура, а ќе се носат по скратена постапка.

Со ваквиот предлог практично операторите се ослободуваат од обврската со нотарска изјава, и под целосна материјална и кривична одговорност да гарантираат за регулирани авторски права за реемитување на соджините од странските канали. Уште повеќе, таква гаранција се бараше и од првите луѓе на странските канали.

Што напишала Владата во своето образложение за потребата од носење на овие законски измени. Меѓу другото, таму стои дека членот 143 можел да ги остави граѓаните без телевизиските содржини.

„...Во изминатите години имаше многу меѓусебни обвинувања помеѓу радиодифузерите и операторите дека во аудиовизуелниот сектор во Република Северна Македонија пиратеријата е честа појава. Оттаму, со Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше соодветно изменет членот 143, со кој се доуреди начинот на кој радиодифузерите и операторите ќе постапуваат во однос на странските програмски сервиси и почитувањето на авторските и сродните права. Поради недоразбирањата помеѓу радиодифузерите и операторите, но и поради невршењето на избор на нови членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од страна на Комисијата за вршење на избори и именувања на Собранието, примената на овој член беше два пати одлагана. Оттука, на 16.02.2020 година беше усвоен Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што конечно влезе во примена член 143 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со што регулаторот беше должен да ги донесе соодветните подзаконски акти во законски утврдениот рок. По донесувањето на подзаконските акти, недоразбирањата помеѓу радиодифузерите и операторите ескалираа на штета на граѓаните на тој начин што постои повторна реална опасност за прекин на испорака на аудиовизуелни медиумски услуги. Имајќи на предвид оваа состојба, како и фактот што Законот за авторското право и сродните права ја регулира оваа област, се наметна потребата од оваа измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, се вели меѓу другото во владиното образложение. 

Во образложението се наведува дека основна цел на овој предлог закон е усогласување на обврските на радиодифузерите и операторите во делот на авторските права за емитување или реемитување на програмски сервиси од странски радиодифузери со предметот на уредување утврден со Законот за авторското право и сродните права, односно доследна имплементација и почитување на одредбите од областа на авторските права од страна на сите засегнати чинители во оваа област, без дополнителна регулација во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Овие законски измени нема да предизвикаат фискални импликации врз Буџетот на  земјава, а не повлекуваат и материјални обврски за одделни субјекти.

„Согласно член 170 од Деловникот на Собранието, од причина што не се работи за сложен и обемен закон, се предлага да се донесе по скратена постапка“, се вели во образложението.

Еве од што се состои законската измена.

„Во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/13, 13/14, 44/14, 101/14, 132/14, 142/16, 132/17, 168/18, 248/18 и 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/20) во членот 143 ставовите (3) и (4) се бришат. Ставовите (5), (6), (7) и (8) стануваат ставови (3), (4), (5) и (6).“, се вели во предложениот закон.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје