Нема повеќе изговор „немам ситно“ за верниците во Бранденбург
Објавено во: Свет 08 Јули, 2018
Протестантската црква во Бранденбуг ќе започне со електронска наплата со картичка на милостината од страна на верниците кои немаат ситно во готовина.
- Во провинција патот до банката често знае да долг и макотрпен, а милостината вака директно завршува на банкарската сметка што ја имаме и тоа ја намалува бирократската постапка - соопштува црквата од Берлин-Бранденбург.
Се размислува овој начин на плаќање да се прошири на ниво на цела Германија, а се планира посебна апликација за делење црковен прилог.