03 Мај, 2024
0.0278

НЕМА ВЕЌЕ ПЛАТИ ВО ХАРТИЕНИ БАНКНОТИ: Заработката во оваа земја ќе се исплаќа во криптовалути

Објавено во: Економија 15 Август, 2019

Добивај вести на Viber

На „крајот на светот“ работодавците плати ќе може да исплаќаат во криптовалути.

Даночната служба во Нов Зеланд донела одлука платите да може да се исплаќаат во криптовалути ако таа се поврзе зза најмалку една стандардна валута.

Властите на Нов Зеланд исто така бараат избраната криптовалута да може да биде конвертабилна во некој стандарден облик на плаќање, пренесоа светските агенции.

Како што пишува Бизнис инсајдер, тоа овозможува биткоинот, најголемата светска криптовалута по пазарна вредност да служи како облик за плаќање на новозеландските работници кога тој нов закон ќе стапи на сила од 1 септември.

Предлог законот е службено поднесен на 7 август, а во него стои дека Нов Зеланд ќе овозможи и исплата на бонуси во криптовалути.

Релативно слободни од прописи

Варијантата со исплата на плати во дигитални валути подлежат на национален состав на плаќање данок на заработка, а според новиот закон исклучени се самовработените работници кои не можат својата заработка да ја префрлат во виртуелна валута.

Овој потег претставува чекор понатаму во воедување на контроверзната дигитална валута во состав на секојдневниот начин на плаќање.

Криптовалутите се релативно слободни од прописи, а тоа што нивните текови не може да се следат на стандардни начини, ги направило популарни кај анонимни онлајн купувања.

-Овој потег е „уште еден чекор кон тоа властите да сфатат колку луѓето навистина сакаат да бидат исплаќани во криптовалути-рекол Томас Хулм, адвокат од Лондон за Фајненшел тајмс.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија