Немаат работа, ама за 30.000 не стануваат од кревет
Објавено во: Финансии 21 Септември, 2018
Во последните месеци во Србија мал број кандидати се пријавуваат на огласите за работните места кои се слабо платени.
Тие сакаат почетна плата од 38.000 до 43.000 динари.
Сега за минималната плата воопшто не се пријавуваат кандидати за работа, пишуваат српските медиуми.
Во младинско здружение во Белград забележале дека многу е слаб одзивот ако платата е под 30.000 динари.
Причина за ваквата состојба е тоа што во последно време има повеќе странски инвестиции во Србија, и сиот кадар се одлева таму.
Дел од студентите берат овошје во Србија, а некои заминуваат на размена во Кина.
Но, за разлика од Белград и Нови Сад, на југот од Србија луѓето се задоволни со почетна плата од 35.000 динари.