Нaмалени казните за неспроведување на албанскиот јазик?
Објавено во: Македонија 23 Јули, 2019
Алсат дознава дека денес на владина седница ќе се разгледува предлог-закон за Инспекторатот за употреба на јазиците, а во истиот е забележано намалување на казните за институциите и раководителите на институциите кои не ги почитуваат одредбите предвидени со Законот за употреба на јазиците, кој веќе е изгласан во Собранието.
Во нацртот во став 1 од член 22 се наведува дека: Правните лица кои не го почитуваат Законот за јазици ќе се казнат со парична казна од 300 до 500 евра во денарска противвредност, додека лидерите на институцијата кои не го почитуваат Законот за јазиците ќе бидат глобени со парична казна од 100 до 200 евра во денарска противвредност.
Интересно е тоа што санкциите не се во согласност со казните предвидени со Законот за употреба на јазиците, според кој доколку органите не ги почитуваат одредбите од законот ќе се соочат со глоба во износ од 4.000 до 5.000 евра, а службеното лице ќе плати 30% од одмерената казна.
Со оглед на фактот дека се работи за прекршочна постапка, во делот на прекршоците важат одредбите од Законот за прекршоците, а не од Законот за употреба на јазиците.