27 Април, 2024
0.0272

НЕМОЈТЕ НЕРЕАЛНО ДА ПРИЈАВУВАТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ - сите инспектори се на терен, да не ги трошиме бадијала

Објавено во: Економија 30 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Инспекторите изминативе денови имаат полни раце работа.

Во периодот од 23 до 27 март годинава шесте инспекторати во земјава спровеле вкупно 7.633 надзори во различни сектори низ цела држава, со цел да се гарантира почитување на мерките и препораките на Владата за заштита од КОВИД-19.

Претседателката на Инспекцискиот совет,  Магдалена Филиповска-Грашкоска, ги презентираше наодите од спроведените инспекциски надзори.

„Во периодот од овие четири дена инспекторите од Државниот пазарен инспекторат засилено работеа на терен и извршија вкупно 5.155 надзори. При тоа се затворени вкупно 22 угостителски објект во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово. Државниот пазарен инспекторат покрај контролите на угостителските објекти и на трговците со одлука на Влада е задолжен да ги контролира и замрзнатите цени на одредени производи. За периодот од 23-27 март овој инспекторат во соработка со инспектори од Управата за јавни приходи направија вкупно 928 надзори на цените. Во периодот од овие 4 дена кај над шеесетина трговци е утврдено покачување претежно на цената на лимоните и истите по укажувањето ги вратија старите цени од 11 март. Истовремено по излегување на терен од страна на инспекторите е констатирано и дека има голем број неосновани пријави за зголемени цени на лимони кај одредени трговци. Со оглед на тоа дека располагаме со ограничен број на инспектори замолуваме пријавувањето да се прави само кога навистина има реални непочитувања на владините мерки“, рече Филиповска-Грашкоска.

Државниот инспекторат за труд во истиот тајминг реализирал вкупно 748 контроли, при што се донесени 13 решенија и 48 укажувања за работодавачите кои не постапиле по препораките на Владата. Трудовиот инспекторат констатира дека поголемиот дел од работодавачите ги почитуваат препораките за заштита на вработените од КОВИД-19.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од овие четири дена извршил вкупно 246 надзори.

„Во овој период се издадени вкупно 2.774 дозволи за влез на професионални возачи на товарни возила во Република Северна Македонија. Овие дозволи се потребни за непречено снабдување на државата со неопходните стоки, но под посебниот протоколарен режим при патувањето и при влезот во земјата донесен од страна на Министерството за здравство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Констатирано е дека возачите се придржуваат на пропишаните препораки за заштита од КОВИД 19“, рече Филиповска-Грашкоска.

Агенцијата за храна и ветеринарство спровела вкупно 367 надзори.

„Изречени се 19 казнени мерки едукации поради неспроведени обуки за основни знаења за безбедност на храна од овластени институции. Работа на вработени без здравствен преглед за санитарна книшка при што вработените се веднаш отстранети од објектот како и не водење на записи за добра хигиенска пракса (ДХП). Исто така издадени се 4 решенија на месарници и маркети за констатирана лоша општа хигиенска состојба и е наредено веднаш спроведување на дезинфекција, дератизација и дезинсекција“, рече Филиповска-Грашкоска.

Државниот инспекторат за транспорт направил вкупно 183 надзори. При тоа констатира дека меѓуопштинскиот сообраќај е речиси целосно редуциран, односно неговиот интензитет е намален за околу 90 отсто. Забележан е случај на прекршување на препораките на Владата за намалување на капацитетот на превоз за 50 проценти. Поточно, еден авто-превозник не ги почитувал препораките за преполување на бројот на патници при превоз, и преземени се соодветни мерки. Меѓународниот линиски превоз на патници е во целосен прекин и нема постојан престој на граничните премини.

„МАЛМЕД во периодот од 19-22 март изврши вкупно 36 надзори. Нема специфични отстапувања, секторот ги почитува препораките, се одржува ред во аптеките, се дозволува влез на ограничен број на лица во аптеките. Цените се согласно препораките и одлуките на Владата. Инспекторите ја следат состојбата секојдневно. МАЛМЕД ги поканува граѓаните и сами да пријават неправилности доколку наидат на невообичаени практики“, рече Филиповска-Грашкоска.

Инспекциските служби продолжуваат интензивно со сите свои капацитети да работат на терен.

„Уште еднаш порачуваме дека секој кој нема да се придржува до мерките на Владата ќе биде санкциониран, без исклучок. Овие мерки се донесени во интерес на здравјето на граѓаните и на јавното здравје и мора да се почитуваат. Повикувам на одговорност од секое правно лице, од секоја индивидуа во нашето општество. Јавното здравје зависи од сите нас“, апелираше Филиповска-Грашкоска.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра