26 Април, 2024
0.0549

Неодамна си купи нова службена лимузина а сега под итно предизбори противзаконски ќе вработува

Објавено во: Економија 22 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот антикорупционер кој во моментов директорува со АД Водостопанство тврди дека итно мора да се вработат над 100 лица.

Причината за вработувањата, како што наведува била потребата од работници за чистење на каналите за наводнување.

Ова е втор оглас за вработување во предизборието во таа институција а кршењето на законот и предупредувањата од страна на министерот Дамјан Манчевски изгледа не го плашат Илми Селами.

Поранешниот воен аташе во Брисел и се тоа во време на „режимот на Никола Груевски“ од пред неполна година директор на „Водостопанство“ АД, кадар на ДУИ кој знае како да се бори со корупција, искусен во воени прашања и воена дипломатија, а сега и менаџер за водните ресурси на Република Македонија тврди дека се работи за итни и неодложни вработувања.

Пред скоро еден месец, Селами се поднови со службена лимузина за 50.000 евра.

Кој е Илми Селами?

Тие со малку подолго и подобро памтење го памтат како перјаница на ДУИ во власта на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2010 година како претседател на антикорупциската комисија кој крена многу врева за да промени државни функционери кои имаат директорски и советнички места. Тогаш беа променети само Владимир Здравев од МЕПСО и Бавчовановски од ПУИК. Кратко по таа „антикорупциска победа“ Селами беше делегиран за воен аташе во Брисел. Во 2015 година стана заменик-министер за одбрана, а пред неполна година овој политичар беше именуван за главен извршен директор на „Водостопанство“ – фирмата која оперира со воденото богатство на сите големи брани во земјава. Селами е дипломиран политиколог.


foto: sitel

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра