Недостатокот од инфектолози, интернисти, анестезиолози, пулмолози влијае за големата стапка на смртност
Објавено во: Македонија 08 Октомври, 2020
Дали е есента
виновна за високиот број на новозаразени или преголемото опуштање на граѓаните?
Министерот за здравство, Венко Филипче веќе напомена дека ова е очекуваниот
есенски бран, па веќе и почнаа со одредени рестриктивни мерки, со кои прво ги
забранија јавните настапи на музичарите во угостителските објекти.
Епидемиолозите велат: „Мерки има, само свест нема“.
-Во овој период дефинитивно ќе се покажат голем број позитивни пред сè од собирањата на забави и журки по кафулињата. Веќе сме досадни со постојаното апелирање за почитување на мерките. Толку ли е тешко да се стрпиме малку со сè. Па и да има забава, па и да има пејач, нека се седне на масите, и нека се испочитуваат протоколите. Ова цело лето, урнебес по кафеаните. Па после сме имале волкави броки, како може да немаме. Свеста на овој народ е на најниски гранки. Пак ли треба да правиме карнатини, иако дури и на тоа бевме сведоци дека дел ги прекршуваа, но секако дадоа резултати, вели директорот на Центарот за јавно здравје, епидемиологот, д-р. Александар Стојанов за Фактор.
Истакнува дека невозможно е да се стават во изолација контактите на новозаразените, на кои при земање брис им се прави епидемиолошка анкета, а со тоа да се спречи понатамошно ширење на корона вирусот.
-Ништо не е објективно. Или ги кријат контактите или пак и да сакаат да ги кажат, не знаат да ги кажат, бидејќи не знаат каде се заразиле. Дали во комбито со кое дошле на миниконцертот или пак додека биле на забавата. И на двете места има преголем број на луѓе, вели д-р. Стојанов и додава дека сега имаме среќа што најголемиот број од позитивните се со лесна форма на вирусот, како и асимптоматски, односно немаат симптоми.
-Во овој момет болничките капацитети во Скопје не се преполнети, така што засега здравствениот систем не е оптоварен. Најголемиот број од новозаразените се третираат во домашни услови. Најопасни се асимптоматските случаи, кои без да знаат предизвикуваат ширење на корона вирусот, појаснува д-р. Стојанов.
Многу повеќе загрижува бројот на починати пациенти од корона вирусот. Лекарите велат сè додека бројката на починати на дневна основа во просек е по шест починати пациенти, состојбата е крајно алармантна.
И покрај тоа што се уште ја нема анализата за високата стапка на смртност, како главни причини до сега се наведуваа дека другите здравствени состојби на пациентите, коморбидитетите се фактор број еден за смртност. Истовремено, беше потенцирано дека и задоцнетото барање лекарска помош, кога болеста е во најтешка фаза е исто така една од причините за смртност.
-Постои уште еден огромен проблем, кој не само што загрижува, туку треба и да алармира, а тоа е недостатокот на лекарски кадар во болниците. Со години наназад недостасуваат инфектолози, интернисти, анестезиолози, пулмолози. Сето тоа влијае на големата стапка на смртност, велат болнички извори за Фактор.
Министерот завчера истакна дека нема да дозволи да капнат од премор здравствените работници и најави дек ќе се носат и понатаму рестриктивни мерки во согласност со епидемиолошката слика во земјава.
-Мерките и рестрикциите не се ничија желба или хир. Едноставно мора да разбереме дека тие се единствените алатки кои ни се на располагање за да се заштитиме. Го разбирам целосно гневот на оние кои доследно ги почитуваат постоечките мерки кои се на сила од почетокот и со нив ефикасно се штитат. За многумина препораките за одржување дистанца, носење маска и редовна дезинфекција се доволни мерки. За жал, новите мерки кои ги носиме мора да се однесуваат за сите и едноставно не може парцијално да се применуваат само онаму каде има непочитување на основните три, рече министерот Филипче.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.