19 Мај, 2024
0.0283

НЕПРАВДА ИЛИ САМИ СМЕ КРИВИ: Македонија беше кандидат за НАТО, пред Црна Гора  да биде држава!

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Кога Македонија во 2004 година поднесе барање за членство во Унијата и во декември 2005 година доби кандидатски статус, Црна Гора не ни постоеше како независна држава. Денес е веќе на прагот на ЕУ, а утрово доби и покана за членство во НАТО Алијансата. Шефовите на дипломатиите на 28 земји - членки на НАТО постигнаа согласност за упатување на покана за членство на Црна Гора. Во Брисел вчера почна Министерскиот совет на земјите - членки, а конечната одлука за поканата се очекува денеска за кога генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ќе ја соопшти одлуката на министрите. Како Црна Гора ја претрка Македонија на патот кон ЕУ интеграциите и НАТО Алијансата? Црна Гора во НАТО по забрзана процедура За приемот во НАТО поканата треба да биде потврдена од парламентите или Владата на сите 28 членки, после што треба да се изјаснат пратениците во Собранието на Црна Гора или евентуално граѓаните на референдум. Во случајот со Хрватска и Албанија, кои последни влегоа во НАТО, периодот од поканата до членство траеше околу 12 месеци. Црна Гора во алијансата би можела да влезе по забрзана процедура единствено доколку ратификацијата на протоколот за прием оди по забрзана процедура на тој начин што ова прашање би се формализирало пред самитот во Варшава во јули, што не изгледа реално. На прашањето дали Русија може да влијае на поканата за Црна Гора, постојаниот претставник на САД во НАТО, Даглас Лут изјави дека Русија не е членка и дека таа нема да гласа за проширувањето. Франција досега беше воздржана за Црна Гора Франција до сега беше воздржана за членството на Црна Гора во НАТО, плашејќи се дека повикот на официјална Подгорица би можел да ги подигне очекувањата на Грузија и така дополнително да ги затегне односите со Москва. Доколку денеска министрите испратат покана, тоа не значи дека патот кон членство во Алијансата ќе биде едноставен, а полноправното членство не може да се очекува пред крајот на 2016 година. Не сите во Црна Гора се за НАТО Поранешниот претседател на Црна Гора и премиер на Сојузна Република Југославија, Момир Булатовиќ смета дека не е вистина оти во Црна Гора е голем бројот на граѓани кои сакаат влез во Алијансата. „НАТО мора да знае дека во Црна Гора постојат огормен број на луѓе кои овој воен сојуз го сметаат за злосторничка организација која спротивно на одредбите на меѓународното право и далеку од разумот, правдата и моралот убиваат луѓе насекаде од планетата и разоруваат голем број на држави“, вели Булатовиќ. Поповски: Ја поздравувам поканата за членство на Црна Гора во НАТО, но и Македонија одамна ја заслужи Шефот на македонската деипломатија Никола Поповски  ја поздрави одлуката за испраќање на покана за членство на Црна Гора, потенцирајќи дека е тоа добро и за Македонија, која, пак, според него, уште пред осум години го заслужи статусот на земја-членка на НАТО. „Ние ја поздравуваме одлуката за покана на Црна Гора за членство во НАТО, бидејќи се работи за една пријателска земја што е од нашиот регион. Во секој случај, дополнително членство на било која земја од нашиот регион може да има само позитивен фактор врз целокупната стабилност и безбедност на регионот, вклучително и на Република Македонија. Ние остануваме со нашата заложба за членство и на Македонија во НАТО, нешто што одамна веќе е заслужено, барем од 2008 година кога и формално е констатирано. Доколку не беше наметнатиот спор за името, Македонија ќе го реализираше членството, но и во овој партнерски однос што го имаме со НАТО, за нас е пред се придобивката на подобрување на имиџот, зголемување на инвестициите, чувството на поголема сигурност и предвидливост со Република Македонија, што не мотивира да останеме на целта за полноправно членство“, изјави министерот Попоски во изјава за МИА. Како Црна Гора је претрка Македонија Македонија ги исполнуваше условите за влез во НАТО Алијансата, но во 2008 година, на самитот во Букурешт, Грција стави вето за влезот на Македонија, па така во НАТО тогаш влегоа само Хрватска и Албанија. На патот кон евроинтеграциите, кога Македонија во 2004 година поднесе барање за членство во Унијата и во декември 2005 година доби кандидатски статус, Црна Гора не ни постоеше како држава. Денес е веќе на прагот на ЕУ, а денеска ќе ја добие и поканата за членство во НАТО Алијансата. Р.Ф  

Можеби ќе ве интересира

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел

УЧЕНИЦИТЕ БЕГАА ОД СТРАВ: директорката на училиштето за хаосот кој настана откако полуматуранти запалиле факел