Неспособното лидерство на Apple го уништи планот за самостоен автомобил
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2016
Големите проблеми во раководството на Apple кое беше делегирано за изработката на првиот самостоен електричен автомобил на компанијата се главната причина за неуспех на проектот и поради тоа стотина вработени ќе останат без работните места. Елон Маск, главниот конкурент, еднаш посочи дека Apple е гробница за лошите инженери на Tesla и го предвиде големиот неуспех уште пред една година.
Наместо сопствен автомобил Apple се предомисли и ќе развива софтвер за автопилот, односно автономно управување на возилото без потреба од ангажман на возачот, со тоа што ќе биде одбран надворешен партнер од познатите автомобилски брендови кој ќе сака да го примени системот.
И оваа стратегија е доста проблематична бидејќи брендови како BMW, Ford, Hundai и останатите веќе развиваат сопствени оперативни системи за подобра контрола над возилото.