05 Мај, 2024
0.0256

Несреќата со „Germanwings“ ги загрозува „low-cost“ амбициите на „Lufthansa“

Објавено во: Свет 26 Март, 2015

Добивај вести на Viber

Станува збор за почит и респект, за чувство, кога едно нешто не е на место. Со „Lufthansa“ во наредните денови никој нема да зборува за тоа какво економско влијание ќе има несреќата со машината на „Germanwings“ во француските Алпи за авиокомпанијата.

150 лица загинале и во таква ситуација никој не може да зборува за рамнотежа. Сепак веќе е јасно дека несреќата ја погоди германската компанија во еден исклучително тежок момент. Конкуренцијата е силна, а преструктуирањето на групата предизвикува немири. Сега пак почнуваат да растат и сомнежите во веродостојноста, а штетите за угледот во овој момент не се ликвидни.

Причината за несреќата се уште не е позната. А320 по полетувањето во Барселона ја постигнува својата височина за летот, но потоа почнува брз спуст. На надморска височина од 6000 метри - 1800 метри, се прекинува контактот со француските диспечерите, малку подоцна доаѓа до несреќата.

sl1

"Несреќата се случила за време на таква фаза на летот во која статистички се случуваат најмалку инциденти", рече Јан-Арвед Рихтер од компанијата со седиште во Хамбург за истраги на авионски несреќи Jacdec. Повеќето несреќи се случуваат за време на полетување и слетување. Затоа случајот е "многу збунувачки".

Во случајот станува збор за релативно стара машина - A320 која го исполнила својот прв лет во 1990 година. Производителот Airbus објави дека имала 46 700 полетувања и 58 300 часови лет. За авиони тоа не е невообичаено, а при редовно одржување може да се искористи и доста долго.

Авионот бил подложен на рутинска проверка и утрото пред првиот лет од Дизелдорф до Барселона. Според експертот за авијација Томас Сакер од консултантската компанија Frost & Sullivan недостатокот при проверката е малку веројатна причина за несреќата. "Во овој поглед Lufthansa не прави разлика помеѓу авионите на компанијата мајка и оние на подружницата".

Со години Lufthansa се смета за една од најбезбедните авиокомпании, а последниот фатален инцидент е пред 16 години, а неговата ќерка компанија Germanwings нема инцидент од своето основање во 1997 година. Според податоците на Aviation Safety Network, според статистиката за авионските несреќи, за 40 години Lufthansa предизвикала загинувањето само на 9 лица.

"Овој имиџ сепак сега може да биде оштетен", смета Јохен Ротенбахер, аналитичар во Equinet Bank. Ризиците за имиџот се присутни, дури и ако се утврди дека авиокомпанијата нема никаква вина за несреќата.

Иако во случајот се работи за машина на Germanwings, според Ротенбахер ќе биде засегнат угледот на компанијата мајка Lufthansa. "Луѓето едноставно веќе ги поврзуваат Germanwings со Lufthansa". И планираното реструктуирање на low-cost поделбата во Eurowings нема да го ублажи овој ефект.

Инцидентот со Airbus A320 може сериозно да и наштети на амбициите на Lufthansa која имаше повисоки цели за "помладата" нискотарифна филијала Germanwings. Само пред помалку од две години германската авиокомпанија која има светска репутација за висок квалитет и безбедност, одлучи да инвестира повеќе во Germanwings, а префрли поголем дел од летовите на кратки и средни растојанија на неа.

На краток рок "несигурноста на клиентите ќе се одрази негативно на компанијата", смета Ротенбахер. Во блиска иднина патниците ќе ги избегнуваат летовите на Lufthansa за сметка на оние на конкуренцијата. "Тоа е чисто човечки рефлекс, емоционална реакција".

На долг рок, сепак е тешко да се оцени какви ќе бидат последиците, смета аналитичарот. Тој ги истражувал економските последици од катастрофата со летот 447 на Air France во 2009 година, но не може да искаже уникатна претпоставка. За таа цел му е потребен поголем примерок, каков "за среќа нема".

За производителот Airbus инцидентот исто е горчлив. А320 е еден од најпродаваните модели. А сега по втор пат во рок од краток период авион од овој тип се урна. Дури во декември Airbus A320-200 на Air Asia претрпе несреќа во лет од Индонезија до Сингапур. Производителот на авиони свика во вторникот вечер кризна средба во седиштето во Тулуз.

Самата Lufthansa во моментов и без тоа е во тешка фаза. Поради жестоката конкуренција таа се преструктурира, а подружниците со ниска цена авиокомпании ќе преземат се 'поголем дел од летовите. Бидејќи концернот има намера да ги намали и трошоците за работна сила, тој исто така мора да се бори со различни штрајкови – на пилотите, на кои авиокомпанијата сака да им ги намали пензиите, неодамна штрајкуваа повторно.

Но и тоа не е сè. За капак на се пилотите на нискобуџетните авиокомпании Germanwings одбиле да исполнат повеќе од 30 летови во вторникот. Пилотите на Germanwings одбиле да летаат поради "лични причини", соопштуваат од компанијата, цитирани од Die Zeit. Во Дизелдорф биле откажани летови до Париз, Хамбург, Лондон, Мадрид и Стокхолм. Од Келн не се одржаа летови до Милано и Цирих, а од Штутгарт, Лајпциг и во Берлин, исто така не се реализирале авиони на компанијата. Укинување имало и на аеродромите во различни точки на Европа. Портпаролот на компанијата соопштува дека откажувањето на летови е на различни модели авиони, а не конкретно на Airbus A320.

Основана во 1997 година Germanwings има претежно авиони Airbus A319 и А320. Фирмата е со седиште во Келн, но има свои единици и на други шест места во Германија, вклучувајќи и во Дизелдорф - крајната дестинација на фаталниот лет 4U 9525 од вторникот.

Авиокомпанијата располага со близу 100 машини, меѓу кои има и постари авиони на Lufthansa, со кои се обидува да ја задржи конкуренцијата на останатите ниско буџетни европски авиокомпании како Ryanair и easyJet.

Во последните години традиционалните авиокомпании го сметаат како закана за бизнисот подемот на нискотарифните превозници во Европа, кои собираат се повеќе патници за континенталните и внатрешни летови.

Lufthansa од своја страна полага големи надежи во успехот на сопствената ниско буџетна единица, а планираше да пушти ниско буџетни летови на долги растојанија под брендот Eurowings од оваа есен. Дали сега овие планови ќе се сменат треба да видиме.

sl2

К.К.

Можеби ќе ве интересира

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

ОВИЕ РАСТЕНИЈА МОЖАТ ДА ДОНЕСАТ ВИСТИНСКО БОГАТСТВО: Годишно може да се заработат 40.000 евра, само еден грам зачин чини 40 евра

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

РУСИЈА РАСПИША ПОТЕРНИЦА ЗА ЗЕЛЕНСКИ: Покрената и кривична постапка

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

ТУНЕЛ ЌЕ ГИ ПОВРЗУВА ЕВРОПА И АФРИКА? Идејата е стара половина век, а сега би можела да се оствари

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

КАКО Е ДА СЕ БИДЕ РАБОТНИК ВО ШПАНИЈА: Се грижат за менталното здравје, а еве ги нивните плати

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

ПАРКИНГ ПРОСТОР НА ПРОДАЖБА ЗА „САМО“ 500 ИЛЈАДИ ЕВРА: Има само 18 метри квадратни, а се наоѓа на зелен простор! Еве каде е овој луксуз

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

АКО ПАТУВАТЕ НИЗ ОВИЕ ЕВРОПСКИ ГРАДОВИ БИДЕТЕ МНОГУ ВНИМАТЕЛНИ: Еве каде има најмногу џепчии во Европа

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

„АНТИСЕМИТСКИ ДИКТАРОТ КОЈ ГИ ПРЕКРШУВА ГЛОБАЛНИТЕ СИНЏИРИ“: Израел бара „правда“ по одлуката на Турција

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ЕКОЛОШКА КАТАСТРОФА ВО БЕРЛИН - отровен чад го покри небото, видлив со километри наоколу (ВИДЕО)

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време

ПРЕДВИДУВАЊЕ ЗА СМРТТА НА КРАЛОТ ЧАРЛС: Датумот наводно е познат, велат дека не му останува уште многу време