Добивај вести на Viber
Попладневното невреме, кое го зафати Скопје предизвика прекин во функционирањето на жичарницата на Водно, која води до Милениумскиот крст.
Среде невреме жичарницата престанала да работи, а повеќе граѓани, кои претходно убавото време ги „излажа“ за прошетка до Водно, останаа заробени во кабините на жичарницата.
Се прават напори за нивно безбедно спуштање. Надлежните велат дека граѓаните се безбедни и се евакуираат. Кога снемало струја, жичарницата запрела, но потоа бил активиран помошниот мотор за да се извлечат патниците.
Дел од граѓаните, кои се уште не тргнале со жичарницата пред таа да се расипе, се спуштиле пешки по патеката.