18 Мај, 2024
0.0312

Никогаш не фрлајте ги корите на бананите и портокалот, чудесни се за вашиот организам!

Објавено во: Стил 21 Јануари, 2015

Добивај вести на Viber

Некогаш кората е поздрава од внатрешноста на овошјето.

Корите некогаш содржат повеќе нутритивни состојќи отколку внатрешноста на овошјето. Таков е случајот и со кората на портокалите и бананите. Постојат разни употреби на овие корис за кои веројатно не сте знаеле, што од медицинска , што од практична природа.

Кората на портокалот,  исто како и кората на јаболката содржи многу нутритивни вредности. Битно е само кај конзумацијата на кората да не е контраминирана со пестициди. Затоа, или користете органска или исчистете ја кората на портокал со помош на лажичка сода бикарбона и вода - потребно е да се покисне овошјето пола час во наведената мешавина.

Кората на портокалот, докажуваат медицински истражувања го подобрува варењето и го забрзува метаболизмот. Успешно се борат против напаѓање на  киселина и повраќање.

Повеќето бенифиции кои ги дава кората потекнува од етеричните масла кои ги содржи. Тие масла имаат антибактериски и антивоспалителни својства. Помагаат и во подобрување на функциите на црниот дроб. Ова етерично масло има влијание и на нервниот систем, затоа се идеални за смирување, подигање на расположението и несоница.

Кората на бананата е полна со антиоксиданси, минерали и витамини. Истражувањата покажале дека можат успешно да го елиминираат убодот на инсекти - само протријте го местото на убод со кората.

Кората на бананата е ефективна и за залекување на рани и модирци на телото. Со помош на кората од банана може и да ги избелите забите, а помага и кај главоболка. Состојќите од кората на бананата успешно го решаваат проблемот на чешање, како на кожата така и на скалпот. Псоријазата исто така може успешно да се сузбие со триење со кора од банана на заболениот дел на кожата.