05 Мај, 2024
0.0246

Никола Димитров: Патот не ни' е лесен ама заедно ќе си го обелиме образот

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Идниот министер за надворешни работи кој го предложи мандатарот Заев, Никола Димитров на социјалните мрежи искажува благодарност за номинирањето и поддршката која ја добил за да ја извршува оваа функција.

Димитров на Фејсбук пишува дека негова чест е да биде достоен на оваа голема одговорност.

„Драги сограѓани, познати и непознати,

Ви благодарам на честитките и поддршката за номинацијата да бидам министер за надворешни работи на нашата Македонија. Ако предлогот добие доверба во Собранието, ќе вложам се' што имам - умот, совеста, душата и сета енергија и искуство - да бидам достоен на оваа голема одговорност. Да претставувам едно ново лице на Македонија што ќе оди напред, ќе биде почитувана и што ќе има пријатели во светот. Патот не ни' е лесен, ама сите заедно, ќе ја освоиме планината и ќе си го обелиме образот“, пишува Димитров.

Биографијата и искуството покажуваат дека тој е компетентен за оваа позиција, но како ќе работи и ќе ја претставува Македонија надвор допрва ќе видиме.

Повеќе за Никола Димитров и неговото искуство прочитајте тука --> ДОСИЕ Никола Димитров: Кој е министерот кој ќе управува со кормилото на министерството за надворешни работи

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува