30 Април, 2024
0.0312

Николаева за Фактор: Верувам дека разумот ќе надвладее, Бугарија мора да даде „зелено светло“

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Радост Николаева, уметнички менаџер, од Движењето за уметност „Круг“ и една од потписничките на Отвореното писмо со кое се бараше Бугарија да не ја блокира Македонија, за Фактор вели дека сепак на крајот би требало разумот да надвладее и да се дозволи земјава да го почне преговорите со Европската Унија.

Таа и другите интелектуалци кои го потпишаа писмото, веруваат дека поради блокадата, и Бугарија ќе го наруши својот имиџ.

„Потписниците на писмото повикуваат на големи промени во приоритетите, приодите, средствата и активностите за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, така што тој ќе ја постигне мисијата наведена во неговиот наслов. Во писмото велиме: „Исклучително загрижувачки е фактот што Република Бугарија го блокираше почетокот на преговарачкиот процес на Северна Македонија за членство во ЕУ, со аргумент неразбирлив за современите меѓудржавни односи. Според наше мислење, Бугарија ќе претрпи штети по имиџот на различни ненационални нивоа, со непредвидливи последици. Во прашање се пријателството, добрососедството и соработката меѓу Бугарија и Република Северна Македонија, кои се главните столбови на истоимениот договор“, вели Николаева.

Наведува дека досегашниот процес на спроведување на Договорот останува затворен главно на политичко и дипломатско ниво, наместо да ги вклучат граѓаните во неговата имплементација преку низа привлечни и иновативни граѓански, академски, културни, образовни иницијативи. Вели дека граѓаните беа сведоци на остра битка помеѓу тешката историографска артилерија на двете земји, конструирана во минатиот век. Нагласува дека на овој начин беа мобилизирани масовни историски чувства и стереотипи, наместо креативност за доброто на иднината.

Потписниците на  писмото сметаат дека Бугарија мора да даде „зелено светло“ по соодветен редослед и без одлагање да започнат преговорите за членство во PCM со ЕУ.

„Повикуваме ова да се случи до крајот на 2020 година, во рамките на германското претседателство со Советот. Прашањето за европското членство на Северна Македонија и Албанија треба да се пренесе на агендата на следните Претседателства на Советот. Лично, верувам дека здравиот разум сепак ќе преовладува“, рече Николаева.

Писмото беше упатено до премиерот Бојко Борисов, министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, парламентарците и ЕК во Софија.

Лани Франција, а оваа година Бугарија стави вето и не дозволи Македонија да ги стартува преговорите со ЕУ.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

Обвинителството бара мерки за претпазливост за лица од Агенцијата за млади и спорт

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

МАКЕДОНИЈА МОЖЕ И БЕЗ МЕНЕ, ЈАС ДАДОВ СЀ ШТО МОЖЕВ, НО НЕ БЕШЕ ДОВОЛНО: Ванковска се враќа на старите обврски

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

На 8 мај гласање за претседател и за пратеници само во исто време

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

АКО САКАТЕ БЕСПЛАТНО ДА ПАРКИРАТЕ УТРЕ МУ Е МАЈКАТА: Паркинзи Центар нема да наплаќаат на Денот на трудот

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

„Бидете сигурни дека владејачка гарнитура нема да се формира без пратениците на Европскиот фронт“: Бајрами за можните договори по изборите

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

Човек падна во шахта покриена со картон во Скопје

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

МИЛОШОСКИ: Отфрлена жалбата на Академијата за судии и обвинители, се запира постапката за вработување на 130 лица

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Аделина Тахири повторно во први редови на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала

УДРИЛ ЖЕНА СО ВОЗИЛО, ЈА БАКНАЛ И ЗАМИНАЛ ЗОШТО ИМАЛ РАБОТА: Случајот најверојатно не е пријавен во полиција бидејќи и жената си заминала