Николоски: Допрва ќе ги добиеме условите за задолжувањето со британскиот заем
Објавено во: Економија 06 Јуни, 2025 10:59
Министерот за транспорт Александар Николоски по потпишувањето на договорот за задолжување со Обединетото Кралство во Вечерното шоу на Богдан Илиевски рече дека условите за кредитирањето не се познати во моментов и тоа ќе биде јасно понатаму. Од предвидените 6 милијарди евра, прво од британскиот заем ќе се финансира железничкиот Коридор 10.
- Генерално, она што можам да кажам, допрва ние треба да ги добиеме условите, но тие ќе бидат најдобрите услови за финансирање кои што Македонија може да ги добие на пазарот. Прво она што треба да го разберат граѓаните е дека ние како економија не можеме да изнесеме сами проект поголем од 300 до 350 милиони евра. Над тоа Македонија не отишла никогаш Ова е единечен најголем проект до сега кој ќе чини помеѓу 1,7 и 2 милијарди евра. Ако претходно ссме можеле да земеме кредит до најмногу 350 милиони евра, сега одиме на кредит од 2 милијарди, рече вицепремиерот во емисијата.
Според Николоски, Британија е најдобриот „жирант“ во светот и кредитот ќе биде подигнат според британски кредитен рејтинг, а тоа според министерот значи и помали кредитни стапки.
Министерот претходно рече дека договорото за стратешко партнерство со Британија ќе се потпише помеѓу двата премиери во наредниот период.
Можеби ќе ве интересира
КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември
Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година
Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кока-Кола добива нов извршен директор: Енрике Браун ќе ја преземе функцијата во март
Индустријата и потрошувачите можат да здивнат: ЕУ се согласи да ја укине забраната за бензин и дизел автомобили до 2035 година
СЕ ЗГОЛЕМУВА ЦЕНАТА НА БЕНЗИНОТ: Оваа земја прв пат по 2019 година ја качува цената на горивото
ТАЈНО КУПУВААТ РУСКА НАФТА, А НАС НЕ КРИТИКУВААТ: Сијарто со обвинувања до западноевропските земји




