19 Мај, 2024
0.0288

Николовски на отворање на нова кланица

Објавено во: Економија 14 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на отворањето на новиот преработувачки капацитет на фармата Единство Челопек, кланицата „Мич Челопечко“. Министерот Николовски посочи дека модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на оваа фарма се докажува дека условите кои ги создава Владата за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат резултати.

“Условите кои ги создаваме за развој на приватниот сектор, особено во прехрамбениот даваат видливи резултати. Модернизацијата и зголемувањето на производствениот капацитет на фармата Единство Челопек,  која е една од најголемите производители на свежо свинско и говедско месо, го докажува токму тоа. Ме радува фактот што во оваа рурална општина има вакви инвестиции и активности кои влијаат врз развојот на регионот од повеќе аспекти како отворање на нови работни места, зголемување на капиталот на регионот, подобрени перспективи за младите. Фармата Единство е пример за успех и ги поканувам и охрабрувам да продолжат со инвестирање во иднината на Челопек и општина Брвеница, а ние ќе продолжиме да ја даваме нашата поддршка во секаков аспект “, изјави министерот  Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека производството на свежо свинско месо во целост ги задоволува домашните потреби за свежо свинско месо и ја намалува зависноста од увоз на Република Македонија. Трендот на производство континуирано расте, и се очекува дополнително зголемување од 10% за 2018 година. 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, преку програмите за поддршка во земјоделството, продолжува да вложува во развој на свињарството, зголемување на производството, конкурентноста и прилагодување кон европските регулативи, порача министерот Николовски.

Во оваа насока директната финансиска поддршка за категоријата на сточари со развоен потенцијал, вклучително и за одгледувачите на свињи за 2018 година е зголемена за 10 отсто.  Исто така, министерството нуди поддршка од 2.000 денари по грло за гоеници со тежина од над 121 килограм, како и повраток на 50 % од инвестиција за набавка на педигрирани назимки и нерези, што е важно за обнова на стадото, но и за квалитетот на  крајниот производ.

Дополнително, европската ИПАРД 2 Програма овозможува 50 отсто поврат од вкупно вложените средства за изградба или реновирање на објекти за одгледување на свињи. Се работи за мерката за инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи, која е особено важна за модернизирање на производството, зголемување на конкурентноста  и исполнување на европските стандарди.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа