30 Април, 2024
0.0288

Нимиц: Преспанскиот договор не може да се ревидира

Објавено во: Македонија 23 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber


Во ексклузивното интервју со атинската новинска агенција АНА-МПА, Метју Нимиц, медијаторот во спорот за името помеѓу Македонија и Грција,  го отфрли аргументот дека може повторно да се преговара за Преспанскиот договор ако тој не стапи на сила

Американскиот дипломат и личен претставник на генералниот секретар на ОН вели дека доколку Преспанскиот договор не стапи на сила, последиците од неуспехот би биле длабоки.

- Не постои можно "брзо ревидирање" на овој договор, кој беше внимателно преговаран, Можам да предвидам многу различни сценарија доколку не се спроведе и некои од нив се доста опасни, рече ветеранот во дипломатијата.

Нимиц, нагласувајќи во Агенцијата, вели дека неговата најдобра проценка е дека влегување во процес за нов „Преспански договор“ би траел со години, а не месеци, бидејќи сите прашања ќе се вратат одново на маса со веројатност да има различен политички импулс во двете земји, како и промени во регионалната и глобалната средина 

„Дете партии работеа со добра волја да ја решат контроверзноста од потпишувањето на Времената спогодба во септември 1995 година. Договорот конечно беше постигнат по толку многу години интензивни разговори и тешки преговори бидејќи секој од страната веруваше дека ги има постигнато суштинските елементи на своите национални интереси и дека поверојатно е дека со овој договор би се случил мирот, безбедноста и пријателството отколку со продолжување на конфликтот“, истакна посредникот на ОН.

Сепак, тој нагласува, ова е негово лично мислење за иднината, а други може да имаат различни проценки.

Нимиц потврди дека македонскиот јаик е признаен од експертите во ОН, исто како и во неформалната употреба како што тоа на пример го прави „Гугл“.

"Во 1992 година, Групата експерти за географски називи на Обединетите нации (UNGEGN) започна да ги ажурира официјалните листи на имиња на земји, вклучувајќи ги и јазиците, кои започнаа во 1986 година и оваа листа се одржува на ажурирана основа и достапна од страна на страната за 194 земји.Оваа работа беше преземена на барање на Конференцијата на Обединетите нации за стандардизација на географските називи.На страница 94 од овој документ постои регистрација за "Поранешната Југословенска Република Македонија" и записот е "македонски" ".



Можеби ќе ве интересира

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

ОД СРЕДА ВЛЕГУВАМЕ ВО НЕСТАБИЛЕН И ВРНЕЖЛИВ ПЕРИОД: За Велигденските празници ќе ни врне а температурите ќе бидат под просекот

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

НАЈМНОГУ ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА ВО НОЕМВРИ И ДЕКЕМВРИ – еве што открива извештајот на Агенцијата

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ПОЧНАА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН: Верниците купуваат јајца за празникот

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ВЕРУВАМ ДЕКА НИКОЈ НЕ САКА ДА ЈА ВИДИ СДСМ НА КОЛЕНА, А ВМРО -ДПМНЕ РАЗУЛАВЕНА: Филипче вели изборните резултати ќе ги анализирале по изборите

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ДАФИНА СТОЈАНОВСКА: Гласот кој ќе заврши за листите кои нема да имаат пратеник, ќе заврши на контото на Али

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Партиите изнесоа ставови со кого би коалицирале и под кои услови

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ЦРВЕНИ ЛИНИИ: Апасиев кажа кој е условот за коалицирање

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

ТРАГЕДИЈА: Пронајдена е мртва девојка во Штип

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени

КАСАМИ: Во нашата програма има и уставни измени