НИШТО БЕЗ ЈОВЕСКИ: ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата за Законот за јавно обвинителство
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2020
ВМРО-ДПМНЕ ја напушти средбата на која требаше да се зборува за Законот за јавното обвинителство.
Тие бараат државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески да присуствува на разговорите за Законот за ЈО, а СДСМ не прифаќа.
Опозициската партија ќе присуствува на средбите само ако на средбите присуствува Јовески. Треба да се договори Законот за јавно обвинителство.
Од ВМРО-ДПМНЕ имаат два предлози. Првиот да се организира јавна расправа на која ќе присустуваат стручњаци од областа на кривичното право, а вториот предлог е и Јовески да присуствува на овие средби.
За министерката за првада, Рената Дескоска ова е лошо алиби.
Средбата денеска траеше многу кратко.
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека Јовески не може да биде заобиколен.
Еврокомесарот Оливер Вархеји неодамна во Скопје повика да се донесе овој закон, затоа што е приоритет.
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вели дека предлог Законот за јавно обвинителство е направен политичарите да не местат обвинители, туку да биде структурно и системско решение далеку од рацете на политичарите.
Средба на претставници на двете партии имаше на 21 јануари.