14 Декември, 2025
0.0387

„НИТУ НИЕ ЌЕ ВЛЕЗЕМЕ ВО ЕУ, НИТУ БУГАРИТЕ ВО УСТАВОТ“: „Што добиваме во меѓувреме?“ прашува Спасов

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2024 07:00

Добивај вести на Viber

Универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов, со коментар за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека Бугарите ќе влезат во Уставот тогаш кога Македонија ќе влезе во ЕУ.
„Инает без рок на траење

Мицковски рекол:

Бугарите влегуваат во Устав кога ние ќе влеземе во ЕУ.

Тоа за сега значи:

Ниту ние ќе влеземе во ЕУ ниту Бугарите во Уставот.

Тоа е пораката на Мицковски.

А што добиваме во меѓувреме?

Граѓаните во Македонија од малубројната етничка заедница на Бугарите, и без да се споменати во Уставот, ги остваруваат сите нивни граѓански права и се заштитува и унапредува нивнот етнички идентитет.

А " ние" останатите ќе чекаме на влез во ЕУ додека Бугарија и ЕУ не прифатат да го менуваме Уставот за таа цел дури откако ќе сме станеле членка во ЕУ.

Како ли само го смислија овој бесмислен инает без рок?

Само треба да објаснат.

Што губат Бугарите во Македонија со овој инает.

Што добива Македонија?

И што ја кошта Бугарија да не држи на јадица додека не попуштиме.

Со овој инает без рок ли Македонија ќе ја правиме одново горда?“, напиша тој на фејсбук.



Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово