Нивните лекари заминуваат во Велика Британија, Ирска, Германија и Шпанија
Објавено во: Економија, Балкан 15 Април, 2017
Секоја година во потрага по подобри услови за работа и плата Бугарија ја напуштаат околу 450 лекари.
Најголемите работодавачи од седум европски држави се во Бугарија за регрутирање на медицински персонал, пишува бугарски Труд.
Покрај атрактивни плати, почнувајќи од 3200 евра за медицински персонал и 5000 евра за лекари специјалисти, странските работодавци нудат и одлична работна средина, јазични курсеви, помагаат во пронаоѓањето на сместување и ги покриваат и транспортните трошоци.
Уште од минатата сезона медицинските сестри беа високо оценети и барани во голем број европски земји, особено во Велика Британија, Ирска, Германија и Шпанија. Платите почнуваат од 2300 евра месечно и се зголемуваат во зависност од искуството и соодветната специјализација.
Европа бара лекари специјалисти, медицински сестри, стоматолози, здравствени асистенти, кинезитерапевти и рехабилитатори. Можностите за работа се претежно за Велика Британија, Германија, Белгија, скандинавските земји и Ирска, потсетува весникот.