02 Мај, 2024
0.0258

НЛБ Банка со нова современо опремена експозитура во Тафталиџе

Објавено во: Економија 24 Август, 2020

Добивај вести на Viber

НЛБ Банка денеска со отворањето на нова експозитура во населба Тафталиџе ја прошири својата продажна мрежа на уште една локација. Новата експозитура ќе го опслужува сегментот население и правни лица нудејќи сеопфатни банкарски услуги. Истата е опремена по најсовремени технолошки и безбедносни стандарди, како и со 24-часовна самоуслужна зона со „Cash in“ банкомат. Во самоуслужната зона клиентите самостојно ќе можат да извршуваат најразлични банкарски трансакции: исплата на готовина, уплата на дневен промет, уплата на платежни и бизнис картички, уплата на сопствени сметки, плаќање на режиски трошоци како и припејд надополнување на мобилен телефон.

Работното време на експозитурата ќе биде од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

„Ми причинува големо задоволство што од денеска започнува со работа 53-та експозитура на НЛБ Банка. Со отворањето на оваа експозитура, кое се случува во услови на пандемија, ја прошируваме нашата продажна мрежа со уште една атрактивна локација. Нашата цел е да ја зголемиме достапноста на Банката, како и да овозможиме уште подобро корисничко искуство. Во модернизиран амбиент следејќи ги нашите корпоративни бои креиравме ново катче кое ќе придонесе кон повисоко ниво на опслужување на жителите на Општина Карпош и граѓаните на градот Скопје со сите наши продукти и услуги“, истакна г-а Маја Ставрева Стојанова -  Директор на сектор за управување со продажна мрежа во НЛБ Банка.

По повод отворањето на новата експозитура, НЛБ Банка ги наградува првите сто клиенти во експозитурата и тоа: клиентите кои ќе аплицираат за НЛБ кредитнa или бизнис картичка, ќе добијат бесплатна членарина за првата година на користење, а клиентите кои за време на нивната посета во експозитурата ќе ја преземат НЛБ мКлик мобилната апликација со привилегија за плаќање, ќе добијат три месеци бесплатно користење на истата.

Со отворањето на оваа експозитура НЛБ Банка располага со продажна мрежа од вкупно 53 експозитури на територијата на Р. Северна Македонија, од кои 27 во Скопје, а останатите 26 надвор од главниот град.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија